Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демант од носителката на независната кандидатска листа Група избирачи Јана Белчева Андреевска

0
By Mirjana on October 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 12, 2021 12:11
Носителката на независната кандидатска листа Група избирачи Јана Белчева Андреевска  се обрати до редакцијата на НоваТВ со барање за објавување Демант на текст објавен на порталот Centar.mk, a кој текст во скратена верзија, покрај на други портали е пренесен и на НоваТв, на 8.10.2021, со насловот:

„Политичка кампања-дали е се така како што претставуваат кандидатите за градоначалници и советници ?!“

И се извинуваме на носителката на независната кандидатска листа Група избирачи Јана Белчева Андреевска, доколку на некој начин сме и нанеле штета во кампањата и неа лично, пренесувајќи текст на друг портал, при што е наведен и изворот на веста односно текстот.

Во продолжение го пренесуваме демантот во целост :
„Јавно демантирам дека јас или кој било член на моето семејство е поврзан со промени на ДУП-от во 2012 година. 
Точно е дека член на моето семејство имал наследен имот на територија за која се донел нов ДУП, но  јавноста знае зошто беа направени промените во ДУП-от во 2012 година и дека за тоа има и судски процес кој се вика „Плацеви на Водно“. И покрај вољата на креаторите на оваа т.н. афера да ме поврзат со промените во тој ДУП, јавноста сигурно нема да поверува во лаги дека ВМРО ДПМНЕ менувало урбанистички план баш за моето семејство да стекне корист. Дотолку повеќе што имотот на членови на моето семејство не бил ниту зголемен со можностите што ги нудела таа парцела, туку е продаден таков како што го наследиле.  
 
ДУП за Ј07 зафаќа простор од Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо и Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, е најголемиот, но и еден од најлошо изработените планови, со многу грешки и недоречености, но и кршење на законот за урбанистичко планирање и стандардите и нормативите за планирање. Тој дозволува решенија за Водно за кои јавноста има многу добар поглед штом погледне кон планината. Зошто овој план Уставен и други институции го одобриле е прашање за друга инстанца.
 
Новиот сопственик добил дозвола за градба, но тоа ниту има некаква поврзаност со мене, ниту јас за тоа сум била информирана.  Нејасно е како за приватен проект на друг сопственик се добила документација за објавување, иако и од неа е очигледно дека предвидениот објект е многу помал од дозволените параметри.
Откако сум советник во Општина Центар, на одлучување пред советниците беше ставен блок (дел) за тој план и во него немаше никаква промена. Тоа значи дека кога јас сум била во Советот и би можела теоретски да имам влијание за промени, тоа не се случило.
На креаторите на оваа афера им порачувам дека нема да се спуштам на ниво на јавен дискурс со лаги, манипулации и лични дискредитации, а на нарачателите дека сум отворена за вистинска дебата за визија и стручни аргументи за тоа каква иднина во урбаното живење сакаме да градиме“ . 
Еве го планот: http://www.centar.gov.mk/wp-admin/admin-ajax.php?juwpfisadmin=false&action=wpfd&task=file.download&wpfd_category_id=83&wpfd_file_id=7080
демант Јана Белчева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.