НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демир Капија-Смоквица: Македонија го заврши својот дел од Коридорот 10

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пуштена е во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица со што се заокружува целосното автопатско решение Коридорот 10 низ територијата на Македонија.

Новата делница во должина од 28,2 километра, ќе го скрати за 25 минути патувањето на тој потег од автопатот „Пријателство“. Преку неа годишно се очекува да поминат 730.000 возила, а побрзото и побезбедно патување треба да придонесе за развој на економијата и поголема соработка на регионот и негова интеграција со европскиот пазар, беше порачано на свеченоста на која присуствуваа премиерот Зоран Заев, генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон, грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Кристос Спиртиз, економски министри во Владата…

Фото МИА

По новите 28 километри автопат граѓаните ќе може да возат од утре, а денешната церемонија го означи почетокот на кампањата „ЕУ за Тебе“ за инвестиции на ЕУ во транспортната инфраструктура.

– Поврзувањето е основен чекор за изедначување на нашите регионални стандарди со оние на ЕУ кон која не водат сите патишта. Овој автопат е еден од нив и во буквална смисла. Овој автопат поврзува и води кон ЕУ. Оваа делница од автопатот „Пријателство“ во себе ја има вградено искрената приказна за поддршка и соработка, рече премиерот Зоран Заев.

Како што потенцираше Даниелсон, новиот автопат ќе го олесни движењето, ќе го поттикне економскиот развој и ќе обезбеди одржливо и побезбедно патување за компаниите и граѓаните кои ќе го користат.

– Изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица беше навистина многу комплексен проект во поглед на геологија, како и геотехника, вклучувајќи дека имаше за изградба бројни тунели, вијадукти, високи насипи. Навистина реализацијата на овој проект покажува како може домашни компании од вашата земја рака под рака со компании од Република Грција да работат заедно во реализација на овој важен проект, рече Даниелсон.

Фото МИА

Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, Македонија доби нова модерна и безбедна автопатска делница, проектирана и изградена согласно европските норми и стандарди за заштита на животната средина со сите потребни карактеристики за безбедност.

– Демир Капија – Смоквица технички беше најтешката делница за изградба од патниот Коридор 10 во Македонија која поминува низ Демиркаписката клисура и тешко достапниот планински терен по неа. Од тие причини, ова автопатско решение претставува најсовремен тип на градба изградена по сите светски и европски стандарди, рече Сугарески.

Вредноста на автопатот изнесува 218 милиони евра во делот на изградбата и 10 милиони евра за надзор, а од вкупните средства 70 милиони евра се грант од ЕУ, а останатите со заеми од Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка и шест милиони евра од државниот Буџет.

Фото МИА

Долж трасата на автопатот изведени се над осум милиони метри кубни високи насипи и длабоки ископи во теренот, шест моста, два тунела со должина од над 1,2 километри, две сообраќајни клучки кај Миравци и кај Смоквица, сто канали. Поставено е современо енергетско и ефикасно осветлување во тунелите, како и системи за вентилација и детекција и гаснење на пожар, за резервно напојување со електрична енергија, како и SCADA систем за мониторинг и управување со сообраќајот.

На новиот автопат треба да има две патарини, кај Гевгелија и кај Демир Капија, за кои пред еден месец беше изградена градежна дозвола и се очекува да бидат завршени за околу осум месеци. Автопатот го градеше грчката компанија „Актор“.

Како што посочија на денешната церемонија премиерот Заев и министерот Сугарески, за автопатската делница почната во време на претходната власт, како и за останатите почнати проекти, е дадено ветување дека ќе бидат завршени.

Контролниот центар кај Неготино ќе ја следи безбедноста

Безбедноста на сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица и на двата тунела, што се пуштаат денеска во употреба ќе се следи преку Контролниот центар кај Неготино. Со 24-часовен видео надзор се покриени тунелите на автопатот преку кои до возачите ќе стасуваат предупредувања во случај на сообраќајки, дефекти во системот, евентуално затворање на сообраќајот.

Во двата тунела се инсталирани 64 камери. Центарот обединува четири посебни системи преку кои меѓу останатото на возачите ќе им стасуваат потребните известувања со автоматско вклучување преку фреквенцијата на радијата во автомобилите. Ќе се мери брзината на движење, густината на сообраќајот, издувните гасови…

Покрај софистицираната опрема со камера за видео надзор и безбедност, достапни ќе бидат и противпожарна и шлеп служба.  Во Контролниот центар се ангажирани 17 лица, односно по четворица советници за контрола на сообраќајот и ЕСКАДА контролори, како и осум техничари. Следењето на сообраќајот преку Контролниот центар во иднина ќе се прошири на целиот потег од Велес до Гевгелија.

Ова е прв Контролен центар на автопатите во Македонија. Ваков Центар ќе има и кај Петровец за контрола и управување на сообраќајот од Табановце до Велес, а планирано е да се изгради и на автопатот Кичево – Охрид. Сите контролни центри ќе бидат интегрирани во заеднички Контролен пункт лоциран кај Петровец.

Контролниот центар на новата автопатска делница беше изграден по анексот на договорот за изградба за автопатот во октомври лани, со кој беа опфатени и градежните зафати за дислоцирање на далновод на МЕПСО. Центарот и далноводот беа клучните причини за продолжувањето на активностите на терен.

Шестгодишните активности на терен ги одбележаа меѓусебни обвинувања и критики на сегашната и претходната власт. Во октомври лани Владата со анекс на договорот за изградба го продолжи рокот за завршување на автопатот до февруари годинава за да се завршат градежните зафати за изградба на Контролниот центар кај Неготино и за дислоцирање на далноводот на МЕПСО. Специјалното јавно обвинителство минатиот месец објави дека отвора истрага по име „Актор“ за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица во однос, како што тврдат, на фаворизирање на „Актор“ на тендерот. Во „Актор“ има сомнение и за перење пари.

На стартот на кампањата „ЕУ за Тебе“ беше потсетено на досегашните инвестиции на Унијата во транспортната инфраструктура на Македонија во износ од 325 милиони евра.

– Поврзувањето и транспортот остануваат главната тема во нашата заедничка агенда. Транспортот ќе биде главната тема и на следниот Самит во Софија и ќе докажеме дека само преку подобро поврзување и подобри транспортни услови ќе успееме да ги поврземе луѓето и државите. Европската унија ќе продолжи со својата поддршка на овој процес, рече Даниелсон.

Со вложувањата од ЕУ во Македонија се изградени и обновени над 100 километри автопат, 64 километри патишта во повеќе од 40 општини и 60 населени места, 16 километри железничка пруга и 11 железнички станици.

автопат Актор Делница Демир Капија Смоквица свечено пушатње
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.