Демократската партија на САД избра нов претседател на партијата – Том Перез, кој е екс министер за труд во администрацијата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама.
Перез има тешка задача да ја освежи и реформира партијата и да ја предводи опозицијата против новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Партиските избори кои се одржаа во Атланта собраа стотици партиски членови, донатори и активисти од оваа партија.
Перез е избран во вториот круг откако не успеа да победи во првиот круг за еден глас. Во вториот круг Перез освои 235 гласови наспроти 200 гласови за неговиот главен противник Кит Елисон.
Елисон ја имаше поддршката на прогресивната левица во партијата, особено од поддржувачите на сенаторот Бeрни Сандерс. Сандерс и самиот јавно повеќе пати даваше поддршка за Елисон, кој доколку беше избран ќе станеше првиот муслиман на чело на Демократската партија.
Тој се гледаше како „помладиот глас“ во застарената партија, која доживеа голем удар особено по поразот на Хилари Клинтон од Доналд Трамп на претседателскиите избори. Перез пак е поблизок до традиционалното раководство на партијата, вклучувајќи ги влијателните поддржувачи на Хилари Клинтон и Барак Обама.




