Published: Saturday, December 26, 2015 11:34
Демонстранти синоќа демолирале едно милсиманско светилиште на француксиот остров Коризка, при што се обиделе да запалат и неколку примероци на Куранот, соопшти локалната полиција.
Францускиот премиер Мануел Валс преку Твитер го осуди инцидентот, што се случи во градот Ајачио, оценувајќи дека тој претставува „неприфатливо сквернавење“.
Според француската полиција, мала група демонстранти упаднале во еден објект, кој локалните муслимани го користат како место за молење, и го демолирале.
Тензиите во Ајачио ескалираа неделава откако двајца пожарникари и еден полициец беа повредени за време на судири во еден сиромашен кварт на градот, каде мнозинството жители се со имигрантско потекло.




