Стотици луѓе, главно студенти продолжија со протестите во повеќе американски градови против изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД.
Околу 1.000 стурднети одржаа марш низ центарот на Сан Франциско блокирајќи го сообраќајот и извикувајќи „Тој не е мојот претседател“, пренесува АФП.
Студенти и ученици излегоа и во други градови во Калифорнија, меѓу кои Напа и Хејворд.
Во Лос Анџелес неколу стотина демонстранти поминаа низ кампуто на Уницверзитетот УЦЛА со транспаренти против Трамп.
Околу 200 демонстранти се собраа и во Њујорк во паркот Вашингтон Сквер на Менхетен. Поради тоа преземени се посебни мерки на безбедност околу кулата на Трамп кои ќе бидат на сила до јануари кога тој ја преземе должноста. Околу зградата се поставени барикади и воспоставена е зона на забрането движење во радиус од 3,21 километар.
Пред самиот влез е паркирана колона камиони наполнети со песок кои претставуваат барикада долж Петтата авенија. Облакодерот е висок 202 метри и има 58 ката и е работното место на идниот американски претседател.
Инаку во демнстрациите против неговиот избор од средата досега учествувале десетици илјади луѓе низ цела Америка, а планирани се и во текот на викендот.






