Членовите на грчкиот синдикат ПАМЕ во текот на денешните демонстрации упаднаа во Министерството за труд, во центарот на Атина и се пресметаа со полицијата која ги растера со солзавец.

Едно лице е повредено, а приведени се 20 демонстранти.

Членовите на синдикатот кои се поддржани од Комунистичката партија, протестираат поради планираните реформи во пензискиот систем во вид на мерки за штедење кои меѓународните кредитори ги бараат од Грција.

Со овие реформи примањата на поголемиот дел од вработените во јавниот сектор се намалени за 25 отсто, во текот на минатата година. Тоа предизвика нови протести, а за утре е најавен 24-часовен штрајк кој ќе го блокира јавниот сообраќај и ќе ги затвори државните служби.