Published: Sunday, November 20, 2016 12:13
Полицијата во Хаг уапси 166 демонстранти поради насислтво над полицијата.
Како што пренесува АФП околу 200 демонстранти во саботата се собрале а демонстрации под слоганот „Стоп за угнетувањето на антифашисите анархистите“.
Тој собир претходно градот го одобрил, но под услов демонстрантите да не ги покриваат лицата.
-На почетокот на демонстрациите, дреден број демонстранти ги покриле лицата со шалови, качулки или со наочари за сонце, се наведува со полициското соопштение.
Бидејќи одбиле да ги откријат лицата, градската управа наредила настанот да биде прекинат, што наишло на противење кај демонстрантите.
За време на апсењето полицијата запленила нелегални предмети, како огнени осветлувачи, стапови и чекани.




