Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демонстрации во Франција против здравствениот пасош и вакцинацијата

0
By Biljana on July 24, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По првата национална мобилизација на 17 јули, денеска во Париз и во многу други француски градовим се одржуваат нови демонстрации против продолжување на здравствениот пасош и задолжителна вакцинација против Ковид-19 за одредени професии, јави дописникот на МИА.

Според проценки на властите, низ цела земја се очекуваат речиси 110.000 демонстранти. Овие демонстрации доаѓаат во моментот кога мнозинството Французи (76 отсто) ја одобруваат одлуката на претседателот Макрон да ја направи вакцинацијата задолжителна за негувателите, медицинскиот персонал и другите професии во контакт со луѓе, предвидувајќи казни за оние кои нема да ги почитуваат мерките.

Текстот на законот за проширување на употребата на здравствениот пасош денеска се разгледува во Сенатот. Сенаторите ги разгледуваат амандманите, откако вчера го дадоа првото зелено светло на комисија за нацрт-законот против Ковид, кој предвидува обврска за вакцинација за негувателите, медицинскиот персонал и другите професии и контроверзното проширување на здравствениот пасош, што сенаторите го поврзуваат со воспоставување на вонредна здравствена состојба.

Шефот на сенаторите од редовите на опозициската Републиканци, Бруно Реталео, се заканува дека ќе го попречи парламентарниот рок за усвојување на законот.

„Ако пратениците сакаат да ја почнат работата на Сенатот десницата ќе ја саботира средбата меѓу пратениците и сенаторите (што се нарекува мешовит комитет) закажана за в недела за да се финализира конечниот текст. Ова повторно би го почнало парламентарниот шатл, со шетање на нацрт законот меѓу Собранието и Сенатот“, рече Реталео.

Градоначалникот на Ница ја повлече од своја страна одлуката за задолжителниот здравствен пасош во центрите за одмор и рекреација за децата во градот.

Ковид-19 протест Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.