Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден на Земјата 2021: Промената започнува од тебе!

0
By Нова ТВ on April 22, 2021 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 22, 2021 09:09

Секоја година во април милиони луѓе ширум светот го одбележуваат Денот на Земјата. Оваа година темата е реставрација на планетата, а главниот фокус е ставен на обнова, преродба и почнување нов циклус.

Денот на Земјата е традиционален годишен настан кој се одбележува на 22 април, а чија цел е да ги истакне и да им даде важност на еколошките проблеми со кои се соочуваме, од климатската криза, преку загадувањето на околината и воздухот, па сѐ уништувањето на шумите. И додека секој од нас не може да делува глобално, дури и најмалиот локален напор да се промени нешто ќе се почувствува и ќе влијае на зачувување на Земјата.

Граѓаните кон оваа акција за подобра, почиста и поздрава планета можат да се приклучат купувајќи паметно со рециклирање и постојано едукација.

Тие се советуваат секогаш со себе да носат торба за пазарење наместо да купуваат ново ќесе, да избегнуваат производи чија амбалажа е составена од премногу пластика и најлонски обвивки за да се намалите количеството на отпад кое го создавате, да го купуваат она што им е потребно.

Се укажува на важноста за рециклирањето. Најважните индустриски материјали можат да се рециклираат. Пакомак ги подели по боја контејнерите за одложување на различен вид отпад: Жолта боја – пластика и лименки, сина боја – хартија и зелена боја – стакло.

Од сите индустриски материјали, на стаклото му е потребно најмногу време за разградување (преку илјада години за да се разгради целосно) и затоа е многу важно да заврши во соодветниот отпаден сад. Притоа, неправилно одложеното стакло неретко знае да предизвика пожари поради сончевата светлина која се одбива од него, особено ако е оставено во близина на сува трева, хартија или сличен запалив материјал. За отпадот од стакло да се најде во рециклажните погони каде што припаѓа, Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) во соработка со Заедницата на локални самоуправи на Македонија (ЗЕЛС) и Пакомак во нашата земја го спроведуваат регионалниот проект „Управување со отпад од стакло на Западен Балкан“, со кој е предвидено поставување на поголем број контејнери во неколку домашни општини со цел да се зајакне инфраструктурата и да им се олесни процесот на одложување на отпад на граѓаните кои се заинтересирани за вклучување на овој процес.

Пораката е моќна само онолку колку што истата ќе биде проширена. Целта е таа да стигне до што повеќе луѓе за да може да резултира во промена.

-Ако вие ја имате прифатено вашата еко обврска кон планетата, бидете сигурни дека ја имате моќта да ги убедите да ја прифатат и вашите блиски. А како да го направите тоа? Изборот е ваш. На домашните можете да им покажете како да го селектираат отпадот во нивниот дом и како да го поделат по категории на рециклирање. Барем денеска, побарајте го отпадот кој може да се рециклира од соседите и убедете ги да го одложат заедно со вас, па можеби така ќе ги мотивирате во иднина тоа да го прават и самите. Или во најмала рака, можете да објавите еко-пост на вашите социјални мрежи кој ќе ги повика сите оние кои ве познаваат во борбата за подобар свет. Овој Ден на Земјата да се обидеме да направиме заедничка промена!, повикуваат еколошките организации и компаниите што се занимаваат со рециклирање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.