Италија се простува од загинатите во земјотресот со комеморација во катедралата во Асколи Пичено. Сите знамиња на јавните објекти се на половина копје, денеска е ден на жалост во земјата.
На комеморацијата за загинатите од катастрофалниот земјотрес ќе присуствуваат и претседателот Серџо Матарела и премиерот Матео Ренци.
Фотографија:Ројтерс
Во земјотресот загинаа повеќе од 280 луѓе, од кои најмалку 220 во местото Аматриче каде што во вторник е предвидена посебна комеморација на која ќе присуствува премиерот Ренци.
Градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци изјави дека и покрај тоа што нема црква и се срамнето со земја, загинатите имаат право да бидат закопани во својата општина.
Многу од загинатите сѐуште не се идентификувани, особено што во Аматриче имало многу туристи. Нема официјален број на исчезнати, а од урнатините живи беа извадени повеќе од 230 луѓе. Спасувачките екипи се уште трагаат по преживеани во урнатините.