Во Албанија денеска е Ден на жалост за жртвите во серијата земјотреси во кои, според досегашните податоци, загинаа најмалку 29 луѓе, а над 650 се повредени.
Спасувачките служби трагаат по преживени под урнатините, а според албанските медиуми досега се извлечени 45 лица. Спасувачките напори се одвиваат и покрај постојаното тресење на тлото. Само вчера околу 19 часот се регистирани два посилни потреси со интензитет од 4,7 степени по Рихтер. Поради стравот, голем број жители на местата погодени од разорните земјотреси, ноќта ја минале во шатори.
Најголеми последици од земјотресот со јачина од 6,4 степени е во местото Тумане, 30 километри северно од Тирана, и во Драч.

Во Тумане се уште нема струја, а на Градскиот стадион се поставени шаториво кои се сместени семејствата кои останаа без домови. Останатите се сместени во своите домови или кај роднини и пријатели додека во земјата стигнува помош од цел свет.
Италија, Франција, Романија, Турција, Грција, Хрватска, Црна Гора, Косово, Србија и Македонија испратиле 200 специјализирани војници, алат и тимови со кучиња-трагачи за да помогнат во давањето помош.
Албанскиот премиер Еди Рама свика вонредна седница на владата и според негова оценка, државата и сите институции презеле е се што е во нивна моќ да се санираат последиците од земјотресот.
Претседателот Илир Мета го откажа традиционалниот прием по поводом Денот на независноста закажан за утре.
Знамето на Албанија пред штабот на НАТО и во текот на вчерашниот ден беше на половина копје.

„Знамињата на нашите сојузници Албанија и Франција се на половина копје пред седиштата на НАТО, по земјотресот во Албанија и во чест на загинатите француски војници на Мали, соопшти Алијансата.
Земјотресот беше почувствуван во Северна Македонија, Хрватска, Црна Гора, БиХ и Италија. Утрово, според Европскиот медитаренски сеизмолошки центар, Крит во Грција е погоден од земјотрес со магнитуда од 6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од 56 километри. Земјотрес e почувствуван во Скопје и околината изтринава во 08.23 часот.




