Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден на жалост во Холандија

0
By Нова ТВ on July 23, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 23, 2014 10:51


Холандија денешниот ден го прогласи за ден на жалост, а во земјата во текот на денов се очекува да пристигнат првите посмртни остатоци на загинатите во несреќата на Малезискиот авион кој се урна во Источна Украина, пренесуваат светските новински агенции.

Околу 16 часот по локално време во Ајндховен со два авиона ќе бидат донесени првите тела на жртви од несреќата во која загинаа сите 298 лица во авионот, од кои 193 се Холанѓани.

Остатоците ќе бидат веднаш пренесени во воената база Хилверсум, каде што ќе започне идентификацијата на жртвите.

На церемонија во чест на загинатите во Ајндховен ќе присуствуваат кралот Вилем-Александар и неговата сопруга, премиерот Марк Руте, како и високи претставници на други држави, чии граѓани се нашле во летот МХ17,како и блиските на загинатите, пренесе ИТАР-ТАСС.

Слетувањето на авионите со телата на жртвите ќе биде со едноминутно молчење во целата земја.

Записите од црните кутии на авионот ќе бидат анализирани во Велика Британија, пишува БТА.

Бунтовниците се обвинети за заглавување на работата на иследниците, за манипулирање со доказите и давање неточни информации за бројот на телата кои се пронајдени.

Фрижидерот со остатоците е превезен со воз и околу 200 тела пристигнаа во градот Каркив во вторникот, четири дена по несреќата.

Експертите рекоа дека ќе продолжат да го бараат местото на несреќата.

Украинскиот претседател Петро Порошенко и американскиот претседател Барак Обама на 21 јули ги критикуваа условите на местото на несреќата на Малезија ерлајнс со лет 17, велејќи дека бунтовниците поддржани од Русија продолжуваат да ги попречуваат напорите за враќање на телата и да се испита што точно се случило.

Порошенко, говорејќи за Кристијана Аманпур за Си-Ен-Ен , бараше меѓународна солидарност против бунтовниците кои се борат против владата во Киев.

“Јас не гледам никакви разлики” помеѓу 9/11, Локерби бомбардирањето и нападот на летот 17, рече Порошенко.

Ваквиот тероризам е опасност за “целиот свет” и “глобалната безбедност”, рече тој.

Американскиот претседател Обама говорејќи во исто време во Вашингтон пак, ја предупреди Русија- “Ако Русија продолжи да ги поддржува сепаратистите во Украина, цената на таа поддршка на Русија ќе се зголеми”.

Обама ја повика Русија да ги заузда бунтовничките борци за кои се верува од страна на многу меѓународни лидери дека се одговорни за соборувањето на патничкиот авион при што загинаа сите 298 патници.

Тој додаде дека Русија досега не успеа да ги запре бунтовниците од попречување на иследниците на местото и ги обвини за лошо третирање на загинатите како и остатоците од авионот, но и за отстранување на докази од местото.
“Што точно тие се обидуваат да скријат?” , рече тој.
Тимови на истражувачи од неколку земји се уште се на местото на настанот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.