Пендаровски го свика националниот Совет за безбедност. На состанокот што ќе се одржи денес во претседателскиот кабинет, ќе се разговара за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион, а покрај членовите на Советот, на состанокот ќе бидат присутни и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Состанокот на советот за безбедност следува по новите најновите случувања на релацијата Македонија-Бугарија, состанокот во Тирана, најновите провокации од Бугарија, почетокот на консултациите за уставни измени, хакерскиот напад врз веб страницата на ОБСЕ и напорите на меѓународната заедница да се изнајде решение меѓу Србија и Косово.