Според Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, за денеска е планирана колона за евакуација од опколениот југоисточен град во Украина, Мариупол.
„Денеска во 11:00 часот (локално време) ќе започне евакуацијата на жителите на Мариупол во Запорожје, од трговскиот центар „Порт Сити“, рече тој на Телеграм. „Поаѓањето на колоната е предвидено во 12:00 часот на релација: Мариупол-Манхуш-Бердијанск-Токмак-Орихив-Запорожје“.
Андриушченко рече дека приватните возила можат да се приклучат на колоната, но само жени, деца и постари лица ќе можат да се качат во автобуси.
Официјални лица рекоа дека 100.000 цивили сè уште бараат евакуација од градот, кој е погоден од неколкунеделното руско бомбардирање. Украинските лидери апелираа руската страна да гарантира безбедно поминување на цивилите, но неколку претходни обиди за евакуација пропаднаа поради гранатирање и опасност на рутите. (Си-Ен-Ен)