Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска е светски ден на дарители на коскена срцевина-биди срцевина, биди херој!

0
By Mirjana on September 18, 2021 ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Photo:Healtbih.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во чест на сите оние кои спасиле живот дарувајќи коскена срцевина, денес на 18
септември, Светскиот ден на дарителите на коскена срцевина,- со низа настани, светот, јавно им се заблагодарува на дарителите.

18 септември е ден кога се зборува за подигнување на свеста на јавноста за важноста на дарување коскена срцевина и влијанието на трансплантацијата на матични клетки врз животот на пациентите. Светскиот ден на дарителите на матични клетки, 18 Септември е иницијатива на Светската асоцијација на дарители на срцевина, најголемата организација посветена на грижата за дарителите.

Македонскиот регистар на доброволни дарители при Институтот за имунологија е признат член на оваа меѓународна организација. Годинава, слоганот со кој се одбележува Светскиот ден на дарување на коскена срцевина е “Дарителу, ти благодариме!”. И Клиниката за хематологија се вклучува во одбележување на овој ден. Ја користат приликата да искажат јавно благодарност на сите дарители кои помогнале или покажале иницијатива да помогнат некому, како и да ја подигнат свеста и да мотивираат поголем број дарители на коскена срцевина да се пријават во националниот регистар.

-Сите пациенти заслужуваат шанса да бидат излекувани со трансплантација на
матични клетки. Само неколку чекори се доволни за да спасите нечиј живот.
Запишете се во националиот регистарот на дарители при Институтот за
имунологија, оставете само една епрувета крв и станете потенцијален дарител на коскена срцевина. Трансплантацијата за многу хематолошки болести е единствен лек. Дарувањето коскена срцевина е комплетно безбедна процедура која спасува човечки живот, вели д-р Ирина Пановска-Ставридис, директорка на Клиниката за хематологија.

На Универзитетската Клиниката за хематологија во Скопје во период од 3 години се реализирани 190 трансплантации, од кои 7 хаплоидентични трансплантации и 22 трансплантации од несроден донор, што претставува најсложена интервенција, за која во минатото пациентите беа праќани на третман во странски центри. Резултатите од третманот со овие интервенции се идентични со оние од европските центри за трансплантација и се пријавуваат во базата на Европската група за трансплантација на матични клетки (ЕБМТ) во која членува и тимот за трансплантација на клиниката од 2003 година.

Дарител во националниот регистар на дарители на коскена срцевина може да биде секој здрав човек на возраст од 18 до 50 години, само со доброволно дарување на 5 мл периферна крв. Со зголемување на бројот на доброволни дарители се зголемуваат шансите за пронаоѓање на соодветен дарител за пациентите чии единствен спас е трансплантација на матични клетки.

Стани и ти дел од големото семејство на доброволни дарители и СПАСИ ЖИВОТ!
Биди срцевина, биди херој!

дарители коскена срцевина ден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.