Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска е Светски ден на театарот

0
By on March 27, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 27, 2013 10:58


Светскиот ден на театарот е востановен во 1962 година и денеска се одбележува во стотина земји од националните театарски институти.

Секоја година истакната личност од театарот пишува меѓународна порака во име на Интернационалниот театарски институтот, што УНЕСКО го формирал во 1948 година. Таа се преведува на повеќе од 20 јазици и им се чита на гледачите пред почетокот на претставите во театрите низ светот. Оваа година светската порака за Денот на театарот ја напиша нобеловецот Дарио Фо.

Македонскиот центар на ИТИ направи видео со актерката Ирена Ристиќ, во режија на Ана Јакимоска.

Денеска, по повод светскиот ден на театарот ќе се одржи и отворената панел дискусија во Евро Балкан – новото седиште на новиот Македонски Центар на Интернационалниот Театарски Институт. Тема на дискусијата е „ „Какви театарски продукции посакувам/е? Какви видови театри/репертоари ни се потребни?“

-Целта на оваа дискусија е да се увидат актуелните состојби и потребите во/на современите драмски уметности во Македонија. Се надеваме на заинтересираност, конструктивен фидбек и инспиративни дискусии, вели Иванка Апостолова од центарот на ИТИ

Македонскиот театарски институт се придружи на одбележувањето во 1997 година и оттогаш и личност од областа на театарот во Македонија пишува национална порака, која заедно со светската се чита на денот на театарот. Годинава македонската порака ја напиша Мими Таневска, актерка и професор на ФДУ во Скопје.

„Театарот треба да биде отворена врата за сите храбри, авангардни и креативни идеи. Отворена врата за секоја нова генерација на театарски создаватели кои се должни да го надградуваат и да го унапредуваат. Театарот е континуитет и мора постојано да се движи напред, не смее да има празен од“, напиша Мими Таневска, во македонската порака за Светскиот ден на театарот.

„Театарот треба да биде доследен на својата цел: да ги отвора вистинските прашања, да коментира, да просветлува, да вознемирува, да возбудува, да открива, да го одбира и да оди по патот на вистината, да го покренува духот, да воспоставува систем на вистински вредности, да бранува, да раздвижува, да гради високи естетски критериуми, да провоцира, да го брани својот интегритет, да ги крши конвенциите…“, вели Таневска во пораката. Таа ќе биде прочитана вечерва пред почетокот на претставите во сите театри.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.