Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска гласаат затворениците, дијаспората и болните и изнемоштените

0
By Нова ТВ on December 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со гласање на затворениците, раселените, болните и изнемоштените лица, како и со гласањето во дијаспората стартуваа деветтите по ред парламентарни избори во независна Македонија.

Избирачките места се отвораат во 7:00 часот, а гласањето завршува во 19:00 часот. Во дијаспората тоа ќе се спроведува по локално време.

Во казнено –поправните домови низ земјава право на глас имаат 2.015 лица. Според препораките од Државната изборна комисија ако тие гласачи немаат важечки документ за идентификација (лична карта или пасош), ќе можат да гласаат со домска односно затворска легитимација. На Избирачкиот список се регистрирани и 13 внатрешно раселени лица.

Пријавени за гласање во странство се 20.573 граѓани, додека на посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство.

Своето право на глас во странство државјаните на Република Македонија ќе можат да го остварат во 41 дипломатско-конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии. Најмногу пријавени за гласање има во Берн 4.256, во Венеција, 2724, во Детроит 1.170, Њујорк 1.168, Мелбурн 1112… За овие избори за гласањето во Берн отворени се три дополнителни избирачки места, додека во Венеција две. Најмалку пријавени има Мадрид – 10, во Пекинг 13 и во Варшава 14 гласачи.

Дома или на адреса каде што се пријавени денеска гласаат и болните и немоќните. Гласаат и 13 внатрешно раселени лица.

На списокот како посебна бројка се и 325 гласачи, кои се членови и заменици членови на избирачки одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во Дипломатско – конзуларните претставништва. Тие веќе гласаа во просториите на Државната изборна комисија, пред да отпатуваат во државите каде ќе гласаат нашинците.

На изборите учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи со 1092 кандидати.

За неделните деветти парламентарни избори, во Избирачкиот список запишани за гласање се 1.784.416 државјани на Република Македонија. Во Македонија ќе гласаат 1.531.368 граѓани.

Изборите ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија и во 46 во седмата изборна единица што ја опфаќа дијаспората.

гласање Избори 2016 парламентарни избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.