Денеска во 12 часот треба да продолжи координативната средба меѓу парламентарните партии за формирање на Комисија за избори и именувања. На вчерашната средба, партиите договориле Комисијата да биде составена од 13 членови. Според досегашниот договор, ВМРО-ДПМНЕ треба да има 6 члена, СДСМ – 5, ДУИ и БЕСА по еден член.
Денеска партиите треба да ги договорат имињата на членовите, а се очекува да биде постигнат и договор за продолжување на конститутивната седница на Собранието.
Според Оливер Спасовски од СДСМ, средбата закочила бидејќи ВМРО ДПМНЕ по секоја цена барале претседател на комисијата да биде од редовите на нивната партија, додека во досегашнта практика, мнозинството било на чело на оваа комисија, што ВМРО ДПМНЕ во моментов го немало.
Од друга страна, Илија Димовски тврди дека секогаш во историјата најголемата пратеничка група, во моментов по изборите, на ВМРО ДПМНЕ, била на чело на комисијата ,а сега СДСМ сакале да го нарушат Деловникот.