Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска почнува првиот фестивал на балканска проза

0
By on March 4, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2013 13:22

Петмина познати писатели од Балканот ќе бидат гости на првиот фестивал посветен на балканската прозна литература „ПРО-ЗА Балкан“, кој почнува вечерва, во киното „Фросина“, во организација на издавачката куќа „Икона“ од Скопје.

Владислав Бајац од Србија, Миленко Јерговиќ од Хрватска, Андреј Блатник од Словенија, Алек Попов од Бугарија и Андреј Николаидис од Црна Гора се први учесници на првиот фестивал на прозата во Македонија, чија цел е да ја промовира балканската книжевност, вмрежувањето на авторите и издавачите од регионот и создавање платформа за подобра идна соработка.

Заедничко за петтемина писатели е нивниот квалитет и високото вреднување во нивните национални литератури и пошироко во Европа и светот. Нивните дела им се познати на овдешните читатели, зашто се преведени на македонски јазик, така што овој фестивал има цел да овозможи средба на домашната публика со авторите и уште повеќе да ја продлабочи љубовта кон романот како најчитан книжевен род.

Фестивалот ќе додели и награда за развој на балканската книжевност – „Прозарт“ во вид на статуетка. Ќе ја добие Бајац, според едногласната одлука на уметничкиот совет, во состав: Александар Прокопиев, Елизабета Шелева и Ермис Лафазаносвки. На српскиот писател (добитник на голем број награди, меѓу кои и на „Балканика“ за романот „Амамот Балканија“ во 2008), ќе му биде врачена на затворањето на 6 март, во книжарницата на „Икона“ во ТЦ „Сити мол“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.