Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска продолжува собраниската седница за разрешување на Зврлевски

0
By Нова ТВ on August 12, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието денеска напладне треба да одржи продолжение на шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Вчера пратениците расправаа цел ден, до вечерта, а спикерот Талат Џафери во обид да воведе ред постави четири лица од собраниското обезбедување на говорница, откако опозицијата повторно ја окупираше.

Пратениците од опозицијата си реплицираа меѓу себе, но и продолжија да ја оспоруваат расправата за Зврлевски, тврдејќи дека разрешувања по распишување на избори се спротивни на изборниот законик.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.

Барањето на Владата, за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е неосновано и неаргументирани. Тие се повикуваат на членот 8 а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери несмеат да се случуваат кога се објавени избори.

 

Вчера во еден момент ја снема дури и картичката за гласање на претседателот на Собранието Талат Џафери. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ја извлекол картичката на Џафери, по што претседателот на Собранието го повика обезбедувањето, а пратениците од опозициската партија се насобраа околу говорницата.

Јавен обвинител Марко Зврлевски Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.