Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска се отвора 55. Венециско биенале

0
By on May 29, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 29, 2013 13:00


Венециското биенале е најстарата и се уште најпрестижната светска манифестација за современата ликовна уметност. За стручната јавност, биеналето се отвори денеска, а за најшироката публика, официјално ќе се отвори на 1 јуни и ќе трае до 24 ноември.

На годинашново биенале се претставуваат 90 национални павилјони, меѓу кои, за прв пат годинава учествуваат Ватикан, Косово, Нигерија, Бахами, Кувајт,Малдиви, Парагвај, Брегот на Слонова коска, Kралството на Бахреин

На централната изложба насловена „Енциклопедиска палата“ , уметничкиот директор Максимилијано Џони, во Италијанскиот павилјон покани уште 150 уметници.

Покрај ова најавени се уште 48 колатерални настани, кои, исто така ги избра Џони.
Според претседателот на Венециското биенале, Паоло Барата, повторно ја спровеле „двојната“ форма дефинирана во 1998 година – голема меѓународна изложба режирана од куратор специјално избран за оваа намена и национални учества.

„ Индивидуалните национални павилјони се многу важен белег на Венециското биенале. Тоа е стара формула и витална како никогаш досега. Таа е драгоцена во време на глобализација, бидејќи дава основен материјал за референциите според кои секогаш новите, разновидни, автономни географии на уметници може да се посматраат и подобро да се запознаат. Може да се постави прашањето до кои граници овие павилјони ја носат со себе желбата за репрезентација на својата земја, кој го организира претставувањето, иако автономијата на кураторите е голема. Но, секоја земја има своја историја и стил. Во павилјоните земјите ги откриваат улогите во современата сцена како менаџери на нивното сегашно и културно богатство низ историјата“, вели Барата.

Главниот куратор на Биеналето, Масимилијано Џони за темата „Енциклопедиска палата“, се навратил на самоукиот италијанско-американски уметник Марино Аурити. Тој во 1955 година со Американската канцеларија за патенти го објавил дизајнот на „Енциклопедиска палата“ – имагинарен музеј во кој требало да се собере светското знаење и на едно место да ги обедини најголемите достигнувања на човековата раса, од тркалото до сателитот.

„Се разбира неговиот план не бил никогаш реализиран, но сонот за универзално, севкупно знаење се провлекувало низ историјата. Аурити ја сподели идејата со многу други уметници, писатели, научници и пророци кои се обиделе да ја модернизираат сликата за светот и да ги „фатат“ неговите бесконечни разноликости и богатства. Овие лични космологии, со нивните илузии за семудрост, фрлија светло на постојаниот предизвик за помирување на сопственото со универзумот, субјективното со колективното, специфичното со генералното, индивидуалното со културата на конкретното време“, вели Џони.

Од сите балкански земји најголем павилјон има Србија која го наследи од Југославија, другите држави секоја година бараат простор за своето претставување.

Македонија годинава ја претставува уметницата Елпида Хаџи-Василева, која живее во Брајтон, Велика Британија, а предизвик контроверзи и реакции од здруженијата за заштита на животните, бидејќи во изработката биле употребени кожи од стаорци и живи стаорци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.