Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска во Соборниот храм во Скопје заедничка литургија – Поглаварот Порфириј во Скопје со осум владици на СПЦ

0
By Соња Крамарска on May 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По заедничката литургија во Србија, поглаварот на СПЦ Порфириј вчера попладнето пристигна во Скопје со делегација од осум владици. Денеска со поглаварот на МПЦ г.г. Стефан ќе служат заедничка литургија по повод 24 мај, денот на сесловенските просветлители Кирил и Методиј.

„Сметавме дека е прилично Соборниот Храм да светне во најдоброто светло што можеме да го овозможиме за овој историски момент за сите нас“, изјави вчера пред литургијата, отец Бобан Митевски.

По литургијата се очекува двајцата поглавари да имаат говори.

„Самата литургија значи заедништво, значи една уста и едно срце кои го слават Господ, без ниедна разлика и надминување на сите разлики кои не разделуваа“, изјави црковниот претставник пред денешниот голем ден.

Денешната заедничка литургија во Скопје е продолжение на затоплувањето на односите меѓу двете цркви кое почна со заедничката литургија во четвртокот во храмот Св. Сава во Белград. Двете земји и двата црковни народи оваа литургија ја означија како историски чин, со кој се потврди надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и обновувањето на канонското и евхаристиското општење.

Очекувањата во Скопје се дека наскоро СПЦ ќе достави барање до Вселенската Патријаршија за автокефалност на МПЦ-ОА.

Вселенската патријаршија на 9-ти мај ја призна за канонска МПЦ – ОА. Во меѓувреме грчките медиуми вчера пренесоа изјава од Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Тој, нагласувајќи ја историската одлука на Синодот за враќање на Охридската архиепископија во евхаристиска заедница, што го отвори патот за помирување со СПЦ и намалувањето на противреченостите на Балканот, навел дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка.

заедничка литургија МПЦ-ОА - СПЦ Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.