Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денот на Европа се слави во знакот на пресвртницата во Македонија

0
By Нова ТВ on May 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земја и граѓани кои упатуваат порака до Европа: „Да, ние можеме“ или „Сметајте на нас“ ја потврдуваат вербата на Евроспката унија во целиот регион кој се обнови благодарение на вашите напори за спроведување на реформите за градење едно општество за сите, за градење консензус околу националните прашања за јакнење на односите со соседите и заедно со Европска унија за справување со предизвикот на миграцијата, изјави амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, на централната манифестација по повод 9 Мај, Денот на Европа што се одржува во Штип.

Тој додаде дека денеска се слави мирот во Европа и се оддава почит на визијата за подобар свет, како и храброста таа визија да се претвори  во реалност.

Македонскиот премиер Зоран Заев рече дека иднината на Европа е иднина која му припаѓа на секој европски граѓанин, а граѓаните на Македонија  „ја избраа Европа и Европската унија, бидејќи се изградени на вредностите во кои веруваат“.

– Новиот циклус на преговори на Европската унија со Западен Балкан, најавен од претседателот на Европската комисја Жан Клод Јункер, е уште еден историски чекор на Европа, кој ќе ја направи Унијата уште поголем економски и политички играч на светската сцена. Оттаму, кога велиме дека Европската унија е избор на граѓаните на Република Македонија,  велиме и дека тоа е избор на економски посилна Европа. Избор за поправедна и побезбедна Европа, која ни припаѓа на нас, на сите нас, рече Заев.

Евроамбасадорот Жбогар, премиерот Заев и штипскиот градоначалник Бочварски свечено го отворија и ЕУ паркот, каде што сите членки на ЕУ се претставуваат пред граѓаните, а исто така музички групи, ликовни изложби, спортски натпревари и низа други настани се дел од целодневната манифестација што се одржува на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Ден на Европа Жбогар Заев Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.