Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денот на медиумите одбележан со мрак

0
By Нова ТВ on May 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел од информативните портали, меѓу кои беше и НОВА, Светскиот ден на медиумите во земјава го одбележуваа со затемнување на своите веб страници на 24 часа како протест поради новиот Закон за медиуми.

Министерството за информатичко општество, но и владејачката партија ВМРО ДПМНЕ во две одделни соопштенија испратија таканаречена реакција чиј предмет е повикот на Синдикатот на новинари и медиумски работници вчера, на светскиот ден на слободен печат, порталите да ги затемнат 24 часа своите страници во знак на протест поради новиот закон за медиуми кој претендира да го регулира и интернет просторот.

Синдикатот беше обвинет за продолжена рака на СДСМ, додека лидерот Тамара Чаусидис овие обвинувања ги отфрли како манипулација на власта.

Имено, прва се јави партијата, а потоа и министерството. ВМРО ДПМНЕ го обвинува синдикатот дека е продолжена рака на СДСМ и дека

-Т.Н. Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници, предводен од Тамара Чаусидис, очигледно е дека единствената своја самостојност ја има исклучиво во својот назив. На целата јавност во Македонија и е кристално јасно дека овој т.н. синдикат не е ниту самостоен, ниту независен. Тој од ден на ден станува се повидлив продолжеток на СДСМ за манипулација врз јавноста, пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

-Г-ѓата Тамара Чаусидис и нејзините пријатели отфрлаат закон кој сеуште не е донесен, закон за кој што се спроведуваат сите најшироки и најтранспарентни постапки во неговото донесување. Во спроведување на постапката досега, а и од сега, се вклучени и ќе бидат вклучени, огромен број на луѓе, институции, организации, медиуми, а со нивните мислења сугестии, предлози и забелешки во континуитет се подобрува текстот на овој предлог закон. Овој т.н. синдикат отфрла предлог закон кој долг период се подготвува во целосна координација со експерти од Македонија и новинари, но и експерти од ЕУ, тврдат ВМРО ДПМНЕ.

Во реакцијата на Министерствот за информатичко општество се вели дека новиот закон за медиуми е правен согласно европските директиви, а тие ги отфрлаат сите забелешки на Синдикатот дека постои опасност од цензура на интернет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.