Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денови на канадската литература во Македонија

0
By on April 26, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 26, 2013 15:05

Во рамки на манифестацијата „Денови на канадската литература во Македонија”, што се одржува од денеска до 28 април, во НУБ „Св. Климент Охридски“ беа промовирани изданија од канадски автори преведени на македонски или на албански јазик. На настанот, кој го организираа издавачките куќи „Икона“ и „Шкупи“, канадскиот амбасадор Роман Вашчук истакна дека Македонија и Канада се сродни по мултикултурализмот.

– Канада е земја на многу емигранти, двојазична и мултикултурна. Преобликувана е во 200 години од културата на староседелците и од секој нов бран емигранти. Канада е интересна поради широкиот опсег на различни потекла, рече Вашчук. Задоволен е што во Македонија има интерес за објавување литература на канадски автори кои творат на англиски или на француски, двата официјални јазика во земјата.

Меѓу издавачите кои имаат преводи од канадски автори се „Икона“, „Шкупи“, „Вермилион“, „Или-или“, „Антолог“… На настанот во НУБ беа претствени книгите „Тори и принцот Змија“ од Криста В. Јохансен, издание на „Вермилион“, и „Сукојант“ – роман на канадскиот писател и професор Дејвид Чаранди, кој на албански јазик го објави „Шкупи“.

Тие се гости на Деновите на канадската литература во Македонија, но поради откажан лет на отворањето присуствуваше само Чаранди. За „Сухојант“ тој рече дека е приватен роман, кој покрај личната драма за патот по кој минуваат една мајка болна од деменција и нејзините најблиски и прашањето кои ги наследува сеќавањата на родителите, зафаќа и поширока тема – колективната меморија. Рече дека сакал да ја истражи важноста на сеќавањата, што се случува и кој ги кажува приказните кога луѓето почнуваат да забораваат.

Во отсуство на писателката Јохансен, Александар Прокопиев зборуваше за нејзината книга за деца „Тори и принцот Змија“. Рече дека нејзиниот ракопис се одликува со способност да води дијалог и низ него да ги карактеризира ликовите.

-Нејзиното раскажување е полно со хумор, досетливост и автентичност… Таа е писателка што и е потребна на секоја детска литература, која е важна и за децата и за возрасните, зашто првичното читателско искуство останува до крајот на животот, рече Прокопиев

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.