Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денови на македонската музика од 28 март до 9 април

0
By on March 22, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 22, 2013 15:23

Од 28 март до 9 април ќе се одржуваат 36. Денови на македонската музика кои ги организира Сојузот на композиторите на Македонија. Во програмата на годинашната манифестација околу 70 отсто се први изведби на македонски дела, од над 50 македонски композитори, најголем број млади автори.

Деновите ќе бидат отворени во четврток во Македонската опера и балет со концертот „Синтези“ на Македонската филхармонија, наменет за поширока публика, на кој естрадни и оперски имиња ќе изведат познати народни песни оркестрирани од македонски композитори. Манифестацијата ќе заврши во МОБ со премиерата на балетот „Александар Трети Македонски“ на Љубомир Бранѓолица, во кој улогите ќе ги играат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.

Манифестацијата од оваа година има нов уметнички совет. Во екипата се претседателот на СОКОМ Сони Петровски, Јана Андреевска и Дарија Андовска. Kонцептот не е сменет, фестивалот останува на зацртаната цел – да го претстави современото македонско музичко творештво, но да бидат присутни и претставници на постарата генерација композитори.

– Повторно имаме шаренило од изведувачи и ансамбли. продолжува соработката со клучните институции – Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, Факултетот за музичка уметност, но и со странски музичари кои не само што изведуваат овде наша музика, туку и потоа надвор ја имаат на својот репертоар, вели Јана Андреевска.

На 36-тите ДММ ќе гостуваат ансамбли од Австрија, Словенија и од Германија. Два концерта, на 29-ти и на 30 март, во Музеј на Град Скопје ќе одржи виенскиот ансамбл „Реконсил“, кој еднаш веќе има настапено на оваа манифестација. На истата локација на 2 април ќе гостува триото „Арс музика“ од Љубљана, кое ќе изведе дела од словенечки, македонски и српски автори, а на 6 април во Музејот на македонска борба ќе настапат шест члена од Минхенскиот камерен оркестар заедно со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија.

Два камерни концерта со дела од македонски композитори, насловени „Made in Macedonia“, ќе бидат одржани на 1 и на 8 април во Музеј на Град Скопје, а на 3 април во Музеј на македонска борба ќе настапи Камерниот мешан хор „Про арс“. Во годинашната програма е отстапен простор и за други жанрови и концерти на електронска музика – Концерт на Никола Коџабашија и Пенелопе Х и вечер на електро-акустична музика.

Традиционалните награди на СОКОМ ќе бидат врачени на 31 март во МОБ. Наградата „Трајко Прокопиев“ за животно дело ќе ја добие етномузикологот Ѓорѓи Ѓорѓиев, „Панче Пешев“ за најдобро премиерно или публикувано дело, годинава, му припадна на младиот автор Александар Пејовски за премиерната изведба на делото „ОоПАаИХА“, а наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски автор СОКОМ и ја доделува на пијанистката Ана Гацева за изведбата на композицијата Варијации за пијано „15 елементи за разубавување на индивидуалното“ од Мајкл Бакрнчев.
Покрај концертната, ДДМ ќе има и придружна програма – промоција на компакт-дискови и предавања и работилници. За студентите на ФМУ предавање ќе одржи виолончелистот Бриџет Мекреј од Минхенскиот камерен оркестар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026

САД: Камион се заби во проирански демонстранти

January 12, 2026

САД запленија нов – петти танкер по ред

January 9, 2026

Голем пожар во главниот град на Албанија: Изгореа повеќе од 50 продавници и магацини

January 9, 2026
ФОКУС
January 15, 2026

Ноќеска европски земји испратија војници во Гренланд

ВЕСТИ January 15, 2026

Германија испраќа 13 војници во Гренланд, потврди германското Министерство за одбрана. Мисијата на Бундесверот ќе…

Данскиот министер за надворешни работи на состанок во Белата куќа: „Имаме фундаментални несогласувања околу судбината на Гренланд“

January 14, 2026

Заврши тричасовната лидерската средба и реши – ништо

January 14, 2026

Зеленски се обрати до нацијата: Ситуацијата во Украина е тешка, најтешко е на фронтот

January 14, 2026
ТИКЕР

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026

САД: Камион се заби во проирански демонстранти

January 12, 2026

САД запленија нов – петти танкер по ред

January 9, 2026

Голем пожар во главниот град на Албанија: Изгореа повеќе од 50 продавници и магацини

January 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.