Денот на независноста 8 септември се поклопува со 100 дена од изборот на новата Влада.

Портпаролот Миле Бошњаковски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за стоте дена Влада рече дека во следниот перидот Владата ќе и се обрати на јавноста за да ги слушне резултатите од досегашната работа.

Запрашан кога медијаторот за разговорите за името Метју Нимиц ќе дојде во Скопје по вчерашната најава од премиерот Заев, Бошњаковски рече дека официјално нема се уште точен и прецизен термин.

– Но, како и секогаш досега во истиот момент кога ќе ги знаеме информациите целата македонска јавност ќе биде информирана, рече портпаролот на Владата.