Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Депортација во Аушвиц: Дневникот на Шинди Еренвалд

0
By Нова ТВ on January 28, 2020 ВЕСТИ
Фото: flipboard.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 28, 2020 10:05

Шинди Милер-Еренвалд имала само 14 години кога била депортирана во Аушвиц. Сè што преживеала таму го запишала во својот дневник што сега е изложен во германскиот Историски музеј во Берлин. Документ – сведоштво за хорор.

Шинди Милер- Еренвалд денес живее во Израел. Тоа не беше така отсекогаш. Пролетта во 1944 година, оваа тогаш 14-годишна девојка беше заробена од нацистите и депортирана во логорот Аушвиц-Биркенау, каде беше принудена на присилна работа. Нејзиното семејство беше убиено. И покрај опасноста за нејзиниот живот, девојчето запишувало сè што преживува во логорот.

Фото: bild.de

„Дури денес имам прилика да му ја раскажам на светот мојата приказна. Наскоро ќе умрам и не сакам да бидат заборавени сите оние луѓе кои беа убиени“, вели сега оваа 90-годишна жена, еден од последните сведоци на Холокаустот, по 75 години од нејзиното ослободување од Аушвиц-Биркенау.

„Дел од моето срце е скршено“

На 54 страници, таа го документирала хоророт таму: нејзиното мачеништво, како и на нејзиното семејство и на стотици илјади Евреи, започнува на 19 март во 1944 година, кога Вермахтот вмаршира во Унгарија. Со „Операцијата Маргарете“, германските трупи го окупираат и малиот град Галанта (кој денес е дел од Словачка) во кој живееле и Еренвалдови. Исходот: дискриминација, изолација и гетоизација на Евреите.

Фото: dw.com

Шинди запишува сè што мисли и чувствува. На денот на депортацијата во јуни во 1944 година таа запишала:

„Се пакуваме. Секој има нешто в рака. Брзање. Брзање. Мора да се излезе од станот… Силен тресок од вратата. Слушам клуч во бравата… Дел од моето срце е скршено..”

Во гратчето Галанта, во близина на австриската граница, кое имало 4.000 жители, околу 1.200 биле дел од големата еврејска заедница, на која ѝ припаѓало и семејството на Шинди. Малото гратче беше дел од Австро-Унгарија до крајот на Првата светска војна во 1918 година. По 1920 година ѝ припаѓаше на Чехословачка, а по 1938 година повторно стана дел од Унгарија.

Фото: dw.com

Во семејството Еренвалд се зборувало унгарски, германски и словачки. Таткото Леополд Еренвалд (54) имал винарија, мајката Сесилија помагала во семејниот бизнис. Шинди е меѓу најмалите деца. Во куќата живееле и сестрите Јити (20) и Дори (12), како и браќата Руви (25) и Бери (17). Двајцата постари браќа се бореле на Источниот фронт.

Записи и покрај заканата по живот

Во товарните вагони на „Специјалниот воз“ семејството е донесено во Аушвиц-Биркенау. При селекцијата која таму ја спроведувале нацистите, родителите на Шинди, бабата и дедото, како и браќата и сестрите се испратени во смрт. Таа, пак, била испратена на принудна работа во една фабрика за оружје. Листовите од нејзиниот дневник – стуткани парчиња хартија – ги зема со себе.

Фото: bild.de

Во фабриката за оружје „Карл Дил“ во Пешице, близу Вроцлав, таа ги собирала фрлените хартиени картички и на нив ги пренесувала записите од својот дневник. И покрај заканата по нејзиниот живот, успеала да ги сокрие записите сè до нејзиното ослободување во мај во 1945 година. Шинди, сестра ѝ Јити и братот Језезил се единствените преживеани од нејзиното семејство.

Личното сведоштво дел од музејската поставка

Во соработка со издавачката куќа „Аксел Шпрингер СЕ“, германскиот Историски музеј во Берлин (ДХМ) за првпат го изложи овој личен запис за прогон, депортација и убиство на унгарските Евреи. Издавачката куќа „Шпрингер“ сними и документарен филм – „Дневникот на Шинди“. Изложбата во музејот – „Депортација во Аушвиц – записите на Шинди Еренвалд“ е отворена од 23 јануари оваа година и дел е од постојаната поставка на музејот. Повод е 75-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау на 27 јануари 1945 година.

Германија Дневник Сведоштва Холокауст Шинди Еренвалд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.