Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дер Стандард за Курц: Пропаганда за спорна владејачка партија

2
By Нова ТВ on November 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под наслов „Курц прави пропаганда за спорна владејачка партија„, најтиражниот весник во Австрија Дер Стандар објави текст во кој го критикува министерот за надворешни работи Себастија Курц за неговото присуство и обраќање на предизборниот мининг на ВМРО ДПМНЕ во Скопје.

„Посета за задоцнета благодарност на македонската власт за затворање на балканската рута“, пишува новинарот Аделхеид Волфл во текстот објавен на 28 ноември.

– Најавен е како екселенција и министер за надворешни работи, Себастијан Курц во неделата учествуваше во изборната кампања во македонската владејачка партија со тешко име – Внатрешна македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО – ДПМНЕ). Изборите се закажани за 11.декември.

Претходните години земјата беше водена од ВМРО и премиерот Никола Груевски во очигледен авторитарен правец. Во претходната година објавени се прислушувани разговори од страна на опозицијата, за тоа како „системот на Груевски“го суспендира владеењето на правото, врши притисок врз медиуми, исполитизирана администрација, фалсификувани избори и инструментализирање на безбедносните структури против неистомисленици, пишува Дер Стандард.

Во делот од текстот насловен како „Налогот“ ( или „пораката“) на Груевски“, се потсетува дека „во еден од разговорите може да се чуе како Груевски му наложува на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски дека зградата на еден политички опонент треба да се урне. По објавувањето на телефонските разговори Македонија влезе во тешка политилка криза која можеше да се разреши само со заложба на ЕУ и САД. Груевски мораше да се повлече, а неколку министри беа целосно разрешени“.

– Но во говорот на Курц во Скопје ни можеше да се чуе ништо, заклучува австрискиот весник.

„ Почитуван господине претседател на партија, почитувани пријатели“, започна неговото обраќање, а главно се работеше за тоа дека Курц изразува благодарност за затворањето на границата со Грција во март и со тоа беше запрен напливот на бегалците.

– Без вашата Влада затворањето на западнобалканската рута не ќе беше можно, рече Курц и се заблагодари за „тоа што била понудена заштита во оваа тешка фаза“, пишува Дер Стандард.

Во написот се истакнува дека „Курц беше критикуван од познавачите на ситуацијата во Македонија за неговата помош во предизборната кампања на скандалозното ВМРО“.

-Штитите еден авторитарен „чувар на режимот“! Срамно!, вели експертот за Југоисточна Европа Флориан Бибер за Курц, во изјава што ја цитира австрискиот весник.

„Причина за тоа е: Курц работеше со македонската Влада со месеци на подготовка на затворање на македонско- грчката граница. Ова беше вметнато како измена на закон во јуни 2015 година.

Македонија во тој период не се чувствуваше безбедно, бидејќи Европската коисија и Германија споменуваа само договор со Турција, иако и тој тешко се спроведува“, потсетува весникот.

На крајот од текстот, Дер Стандард, во делот насловен како „Во Скопје е како претставник на ЕНП“, го пренесува ставот на австриското Министерство за надвореши работи во Виена, каде се нагласува дека „Курц на настанот се појавил како претставник на Европката народна партија (ЕНП), а не како министер за надворешни работи“.

„Во функција на министер за надворешни работи беше повикан во понеденикот од страна на Владата, каде посочи дека мора да се спроведат реформи и да се зголемат граѓанските права“, пишува Дер Стандард, во текстот „ Курц прави пропаганда за спорна владејачка партија“, објавен вчера, ден по митингот на ВМРО ДПМНЕ во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ Курц Стандард митинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.