Џабир Дерала: Порастот на цените и продлабочувањето на економската криза се реална закана за Македонија. Битно е, во овој момент, да бидеме попозитивни, затоа што ситуацијата ескалира од ден на ден.
Треба да бидеме добронамерни и да побараме од оние што се на одговорни позиции во државата да престанат со популизам и калкулации, туку вистински да седнат и да донесат мерки кои барем минимално ќе ги ублажат ефектите од оваа криза.
Што и да направи која било влада, ќе има негативни ефекти, но тоа не значи дека институциите треба да кренат раце. Напротив, токму сега е моментот за конкретни чекори.
Владата и коалициските партнери располагаат со доволно експертски капацитети и економисти кои можат да понудат решенија, но дека е неопходно да се напушти популистичкиот пристап. Потребно е да престане популизмот и да се донесат мерки што барем минимално ќе ги ублажат ефектите од кризата.
Ова не е единствена криза. Следат нови. Денес е Иран, утре може да биде нешто друго. Постоечките конфликти и понатаму имаат сериозно влијание и не смееме да ги игнорираме.
Имаме обврска, како јавни интелектуалци, медиуми, граѓанско општество, власт и опозиција, да седнеме на иста маса и да изработиме стратегии за справување со периодот што доаѓа.
Влегуваме во период на хаос. Ако не направиме ништо, тој хаос ќе не поклопи уште на самиот почеток.
Мораме да размислуваме и за солидарно поврзување, да бидеме оригинални и креативни, можеби дури и да дадеме пример надвор од земјата.
Извор: ТВ 24



