Претседателот на ДИК Оливер Дерковски денеска изјави дека не се сеќава дали ги спровел „инструкциите“ од тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за мобилизирање на денот на изборите во 2011 година откако во една од бомбите на денешното судење за „Титаник“ се слуша негов разговор со јанакиески, во времето кога беше директор на „Македонски железници Транспорт“.
-Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но јас дали сум го направил тоа што тој го кажал е друго прашање, стварно не се сеќавам, рече Дерковски за А1он/Макфакс.