Спасувачите се во потрага по преживеани во рускиот град Магнитогорск, каде експлозија уништи блок на станови, при што загинаа најмалку четири лица.
Официјални лица изјавиле дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас. Околу 40 луѓе се водат за исчезнати. Рускиот претседателот Владимир Путин пристигна во градот за да ја процени ситуацијата.
Во зградата живееле 120 лица, а 48 станови се комплетно уништени.

Спасувачите се во трка со времето да пронајдат преживеани, бидејќи температурата во индустрискиот град во регионот на Урал е -17C.
Рускиот весник “Вести” објави дека најмалку 16 преживеани се евакуирани, вклучувајќи и седум деца. Четири лица кои биле повредени се пренесени во болница.
Експлозијата одекнала на првиот спрат, каде што биле сместени канцеларии, по што се урнале и горните спратови. Оштетувања има и на околните станови.
Градот се наоѓа на околу 1.695 километри источно од Москва.




