Published: Saturday, October 28, 2017 20:56
Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 11 се ранети во напад на хотел во Могадиш, престолнината на Сомалија. Според медиумите, над 20 лица, меѓу кои и владини претставници се заробени во хотелот.
Ројтерс пренесува дека меѓу жртвите има војници и цивили. Екстремистичката група Ал-Шабаб ја презела одговорноста за нападот со автомобил – бомба кој експлодирал пред хотелот Наса Хаблод, каде често престојуваат политичари и други припадници на елитата во Могадиш.
АФП, повикувајќи се на полициски извори, пренесува дека во близината експлодирал и минибус.




