Турските власти покренаа обвиненија против 10 лица за самоубиствениот напад во Истанбул на 12 јануари, во кој загинаа 10 Германци, а 17 странски турсити се повредени.
На 10 – мината обвинети за припадност на терористичка органзиација им е одреден притвор, додека 6- мина се ослободени.
Идентитетот на осомничените се уште не е објавен, но се тврди дека се припадници на Исламската држава.
Турските власти го идентификуваа 28- годишниот Сириец Набил Фадли како бомбашот самоубиец, а кого тврдат дека е припадник на Исламската држава.
Тој во Турција влегол на 5 јануари како бегалец од Сирија. Според отисоците од прсти земени при влез во земјата, турските власти можеа да го идентификуваат.
Ова е четврти терористички напад на милитантите на Исламската држава во Турција во изминатите седум месеци, во кои досега загинаа над 150 луѓе.




