Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десетте најконтроверзни уметнички дела во 2012 година

0
By on January 21, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 21, 2013 11:53


1. Кога членките на перформанс групата / самопрогласениот феминистички панк бенд Pussy Riot играа на нивната анти-Путин химна во олтарот на црквата во Москва, знаеја дека ќе бидат осудени од про конзервативните слоеви во Русија, сепак се побунија против инцестуозната врска меѓу црковата и државата. Осудени се на две години затвор. Милиони луѓе потпишаа петиција за нивно ослободување, десетици славни уметници се заложија за нив. За малку ќе предизвикаа револуција, алармирајќи го светот за тоа што се случува во руското општество.

2. Позната е суровоста на Дејмијан Херст, но неговата ретроспективна изложба во музејот „Тејт“во Лондон „In and Out of Love“, особено фактот што жртвуваше вкупно 9000 пеперутки за своето уметничко дело, му донесе тужба од Кралското друштво за заштита на правата на животните и ги покрена прашањата за милитантниот активизам наспроти уметничката слобода и дали најмоќниот светски уметник намерно провоцираше или е само опиен од моќта, дали пеперутките имаат свои права?

3. Сред бел ден, во музејот Тејт полн со посетители, Владимир Умањец пријде до сликата на Ротко, вредна милиони долари и ја ишкрта предизвикувајќи штета од околу 300 000 долари. Тој тврдеше дека ја претворил во дело на „жолтовизмот“. Осуден е на две години затвор, но светот продолжи да дискутира – што, по ѓаволите, е жолтовизам? Неговите следбеници – „жолтовистите“ тврдат дека не се ниту вандали, ниту уметници, туку како Дишан земаат предмети и објекти од релноста или од уметноста и им даваат нов контекст. Дали е ова само бизарно и забавно или сериозно криминално дело против „светоста“ на уметнста?

4. Фотографијата на која шведската министерка за култура Lena Adelsohn Liljeroth, сече парче од тортата во облик на црна жена и тоа парче од вагината потоа ја става во устата на фигурата, предизвика светска медиумска ерупција. Паралелно со фигурата, на изложбата се слушале и ужасни крици на болка на авторката кои се зголемувале како публиката сечела парчиња од фигурата. Уметницата Makode Al Linde во интервју за Ал Џезеира, објасни дека нејзините 700 скулптури на црномурести жени се коментар за суспендирањето на различноста во западната култура. Со претставата на обрежувањето и осакатувањето на гениталиите кај жените таа сакала да постигне агресивно прекинување на церемонијата на привилегираните. Вознемирувачките фотографии на нејзините дела кои се проширија на интернет се уште предизвикуваат вознемиреност кај гледачите, постигнувајќи ја својата цел.

5. Во Бостон осмамна огромен мурал на познатото бразилско дуо на графити уметници Os Gêmeos, кој претставуваше забрадена жена. Телевизијата Фокс правејќи анкета со граѓани на улиците во близина на муралот, дошла до заклучок дека се работи за слика што го претставува тероризмот. Градските власти одговориле дека имале само една жалба за муралот и дека на мнозинството граѓани им се допаѓа ова уметничко дело.

6. Сликата на Jon McNaughton, уметник ниту многу познат, ниту многу признат, која е насловена „Една нација под социјализам“ (One Nation Under Socialism) е контроверзна затоа што го претставува претседателот Обама како го пали Уставот на САД, затоа што асоцира на расизам и затоа што е продадена во Сотби за цели 300 000 долари.

7. Кога францускиот уличен уметник Роти со слободна рака наслика чудесен, надреален, комплексен цртеж во вид на крокодил долг 73 метри, тоа стна еден од најубавите улични мурали во Атланта, САД. Но, набрзо Одделот за транспорт на државата Џорџија го забрани цртежот. Случајот покрена значајни прашања за тоа кој е сопственик на јавниот простор, дозволите, забраните и социјалните политики.

8. Уметникот Марк Адел постави фотографии на провокативно разголени хомосексуални мажи во просторот на меморијалниот музеј на Евреите во Германија. Тој искористил 100 фотографии од интернет страниците за љубовни состаноци. Неговото дело „Колумни“ ги постави прашањата за јавното наспроти приватното, истриските објекти наспроти дигиталните медиуми. Изложбата беше поставена и во Еврејскиот муеј во Њујорк и предизвика контроверзи и внимание кај медиумите. Поставката не беше цензуррана, но беше повлечена а уметникот се соочува со судска тужба.

9. Делото на Андрес Серано „Piss Christ“ е уште едно во низата на радикално контроверзни дела за христијанството. Ова го прикажува распетието ставено во шише исполенто со урината на уметникот.

10. 80- годишната старица од Шпанија Сесилија Хименес, го насмеа и шокира светот со својата „талентираност“ за сликање. Оваа баба со цел да ја реставрира црковната фреска на уметникот Елијас Гарсија Хомо „Ecce homo” стара 100 години, која била во фаза на распаѓање ги зела четката и боите и направила ново „уметничко дело“.

„Забележавме дека се се распаѓа и го поправивме тоа“, изјавила Сесилија. Таа тврдеше дека свештеникот од црквата и дозволил да ја „реставрира“ фреската.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.