Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: Намалување на бројот на часовите и ревизија на учебниците

0
By Нова ТВ on September 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за образование и наука Рената Дескоска најавува промени во образовниот процес, со фокус на ревизија на учебниците, наставниот план, програмите и соодветноста на изборот на лектирите.

Овие промени, според Дескоска се со цел подобрување на образовниот процес.

Промените првично ќе започнат во основното и средното образование.

Главните промени ќе бидат во основното образование и тоа во одделенската настава, бидејќи за поставување темели на писменост најважни се првите години, вели Дескоска.

-Сметаме дека треба да има нов наставен план соодветен на учениците од таа возраст, понатаму да се воведат методи кои ќе значат креативно изучување на прашањата и начин кој ќе ги заинтересира  децата да ја следат наставата и да учествуваат во неа, а потоа и соодветни материјали кои ќе бидат користени, истакнува Дескоска.

Во процесот на промени ќе бидат вклучени и наставниците со кои ќе се прават консултации и тоа преку апликација која веќе е подготвена. До половината на месецов, наставниците ќе треба да дадат мислење за одредени учебници и да укажат на проблемите.

-До директорите е испратен и пасворд преку кој може да се пристапи до апликацијата. Наставниците ќе можат лично да ги внесат бараните податоци. Тие анонимно без притисок од директорите ќе можат да одговорат на прашања кои нас како Министерство нè интересираат, вели Тренеска-Дескоска, која најавува и целосна ревизија на наставниот план, програмите и учебниците.

Разгледувањето и промената на наставниот план и програма треба да значат и намалување на бројот на часови, особено во одделенската настава.

-Учениците се преоптоварени со поголем број часови и на тој начин нема ефикасност во учењето. Сметаме дека треба да има скратување на бројот на часови и реорганизирање на начинот на организирање на часовите. Во моментов во МОН се прават компаративни анализи од искуства на земји кои имаат добри резултати на тестирањата по писменост и математика. За сите евентуални промени ќе бидат консултирани јавноста, експертите, но и наставниот кадар, кој може да даде најдобар инпут за реформите во образованието, посочува министерката за образование.

По завршувањето на оваа прва фаза, нагласува министерката, во втората фаза ќе почне и консултативен процес за соодветноста на лектирите за основно и средно образование.

образование ревизија Рената Треневска Дескоска реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.