Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: Ревизија на сите учебници кои поттикнуваат дискриминација

4
By Влатко Чаловски on June 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска, најави ревизија на учебниците на сите нивоа на образование, на што ќе работат експерти и комисии и секоја содржина за која ќе се утврди дека е погрешна, односно дека поттикнува говор на омраза или дискриминација, ќе биде отстранета.

По средбата со Студентскиот пленум во просториите на МОН, Дескоска рече дека ваква реформа најавила уште на првиот ден од мандатот, за наставните програми и учебници по сите предмети.

– Ревизијата на сите учебници ќе биде дел од еден процес што ќе биде дебатиран на експертско ниво. Јас во моментов во Министерството имам добиено преставка од Народниот правобранител за учебник по општество којшто содржи дискриминаторски одредби. Со оглед на тоа што јавноста честопати беше соочена со примери на учебници во коишто имаме погрешни констатации, каде што има говор на омраза, каде што има дискриминаторски ставови и предрасуди значи сите учебници ќе бидат отворени на процес на ревизија во целокупното образование со цел да се отстранат грешките коишто учениците ги учат, посочи министерката.

Таа е децидна дека не смее да се дозволи учениците да учат од погрешни учебници или учебници што ги учат на предрасуди, дискриминација, со говор на омраза и слично, и дека за ова треба да се направи сериозна реформа.

Таа додаде дека од Друштвото на писатели е пристигнат и иницијатива за ревидирање на списокот на лектири и смета дека тоа треба да се направи во рамки на процесот на ревидирање на учебниците.

Воедно таа информираше дека проектот за бесплатни учебници ќе продолжи, бидејќи основното и средното образование е задолжително.

МОН ревизија Рената Дескоска учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.