Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: ВМРО ДПМНЕ бара целосно демонтирање на СЈО

0
By Соња Петрушевска on August 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„ВМРО ДПМНЕ бара целосно демонтирање на СЈО и на Обвинителството за борба  организиран криминал, затоа што не се согласува сите обвинители и вработени во СЈО да преминат во Обвинителството за борба организиран криминал, ниту ова Обвинителство да продолжи со истрагите од прислушуваните разговори“ рече министерката за правда Рената Дескоска по средбата со преставници на ВМРО ДПМНЕ околу новиот Закон за јавно обвинителство.

Доколку се прифатат барањата на опозицијата, многу истраги и предмети на СЈО ќе застарат.

„ Според барањето на ВМРО ДПМНЕ неизвесна треба да биде судбината на сите лица кои се вработени во СЈО, лица кои се вработени на неопределно работно време во СЈО и во Обвинителството за борба против организираниот криминал, да не се знае каде ќе одат што негативно ќе се одрази на континуитот на процесите затоа што процесот на екипирање оди споро, а тоа ќе доведе до застарување на предметите и слуачите“ рече Дескоска.

Друга клучна разлика е што бараат во новиот закон да се избрише одредбата со која се дава надлежност на Обвинителството за борба против организиран криминал да работи по предметите од прислушуваните разговори и ова обвинителство да не води истраги за изборни фалисфикати, за предмети поврзани со злоупотреба на јавни набавки и злоупотреба на ИПА фондови.

Антонио Милошоски кој е преговарач од ВМРО ДПМНЕ потврди дека за нив не е прифатливо сите обвинители од СЈО да преминат на работа во Обвинителството за борба против организираниот криминал.

„Не се согласуваме обвинителката Катица Јанева и другите обвинители по сила на закон да преминат во обвинителството за борба против организиран криминал, затоа што се сомневаме дека може да се вклучени во случајот Рекет“ рече Милошоски.

Тие бараат и нов обвинител да раководи со Обвинителството за организиран криминал, а не Вилма Рускоска која „за неподобните политички лица се однесува како обвинител, а кога станува збор за Катица или некојси Кики и Фрики се однесува како нивни адвокат“.

„Ова обвинителство не се труди во случајот „Рекет“ да открие повеќе докази, туку со одолговлекувањето, со изгубените телефони и годишните одмори како да се труди да сокрие повеќе докази за овој мегаскандал. Сметаме дека тоа во моментов се појавува како пречка за продуктивноста на разговорите за Законот за ЈО“ рече Милошоски.

Барањето за смена на Рускоска е изненадување за власта и го толкуваат како обид на опозицијата да се одолговлекува целиот процес.

„ВМРО ДПМНЕ со амандманите што ги поднесе  на владиниот предлог закон за Јавно обвинителство побара СЈО да се интегрира во Обвинителството за организиран криминал но не бараше прекин на мандатот на обвинителот кој раководи со ова Обвинителство. Кога ние им излеговме во пресрет и прифативме СЈО да стане дел од Обвинителството за борба против организиран криминал , тие сега се противат на сопствениот предлог и не го прифаќаат ова решение додека не се смени Рускоска.

Имам чувство дека кога ние ќе се обидеме да се доближиме до нивните ставови, тие се повлекуваат“ рече министерката Дескоска.

За случајот „Рекет“ Дескоска кажа дека бил шок за сите и дека секој кој е вклучен во криминал треба да одговора – без разлика дали е близок до власта, опозицијата или обвинителството.

ВМРО ДПМНЕ  побарале  и Обвинителот кој ќе биде на чело на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција да се избира од Советот на јавни обвинители но по предлог на собраниската комисија за избори и именувања. Исто така предложиле и со завршувањето на мандатот на републичкиот јавен обвинител да прекине мандатот и на 27 обвинители кои раководат со други обвинителства – што за власта занчи централизација и парализирање на целиот систем.

 

 

 

 

Дескоска Милошоски Рускоска СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.