Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деспотовски: Во мај зголемен број на работни места во ТИРЗ

0
By Ivana on June 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 13, 2021 10:23

Во компаниите активни во ТИРЗ во мај е регистриран зголемен број на работни места од над 4,15% во однос на истиот месец од 2020 година. Се очекува ваквиот тренд да продолжи  во наредните месеци поради тоа што во дел од компаниите веќе се спроведуваат процедури за отворање на нови работни места. Ова, имајќи предвид дека, според анализите на Дирекцијата за ТИРЗ, само постојните инвеститори имаат обврска да отворат дополнителни 7.000 нови работни места.

Во однос на извозот, компаниите активни во зоните учествуваат со над 46% во вкупниот извоз на државата. Извозните активности во месец мај достигнаа 251 милиони евра, со што извозот во првите пет месеци од годинава изнесува 1 милијарда и 307 милиони евра. Оваа бројка е за 84% повеќе во однос на истиот период лани, односно 22% во однос на 2019 година.

Во првите пет месеци од 2021г вкупниот увоз во зоните изнесува над 1 милијарда и 310 милиони евра и е за 110% зголемен во однос на истиот период лани односно 35 % во однос на 2019г. Само во месец мај увозот во зоните достигна 255 милиони евра.

Поради засилените увозни активности, кои се должат на надополнување на залихите на репроматеријали, како и интензивирање на инвестициите во нови технологии, покриеноста на увозот со извозот во првите 5 месеци од 2021 е речиси изедначена. Во мај 2021 нето извозот е во незначителна позитива од 0,10% односно околу 27 процентни поени подобро од нето извозот на ниво на вкупната економија во државата за периодот јануари – април 2021.

Само во првите пет месеци од годинава се потпишани договори со пет компании чии вкупни инвестиции треба да достигнат над 65 милиони евра, а со новиот концепт на привлекување инвестиции само во последниве 5 месеци ТИРЗ успеа да поттикне интерес кај над 30 компании за обем на инвестиции над 425 милиони евра и на нови 8.500 работни места.Дирекцијата за ТИРЗ неодамна направи и анализа на ефикасноста на една од мерките за привлекување на странски инвестиции – доделување на државно земјиште по субвенционирана цена. Согласно анализата, воведен е нов пристап со кој инвеститорите ќе се поттикнуваат, без дополнителен надомест од државата, да инвестираат во регионите надвор од Градот Скопје. Со оваа нова мерка/пристап, се очекува позитивните ефекти од странските инвестиции да бидат подеднакво достапни за сите граѓани на С.Македонија.

вработвања деспотовски зголемен бројот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.