Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детектор: Мнозинството граѓани со поддршка на Договорот за добрососедство со Бугарија

0
By Нова ТВ on March 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поголем дел од граѓаните (48,7%) го поддржуваат Договорот за добрососедство со Бугарија и сметаат дека тој ќе ги унапреди односите со источниот сосед (55,4%), покажува истражувањето на јавното мислење за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител во која гостуваа професорот и поранешен премиер Владо Бучковски,  професорката Наташа Котлар од Институтот за национална историја и професорот Драган Ѓеорѓиев од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања што беше формирана по потпишување на Договорот.

Според истражувањето, 42,7 % од испитаниците сметаат дека македонската страна добро ги водела преговорите со Бугарија за Договорот за добрососедство со кој се затвори ова отворено прашање. Поранешниот премиер Бучковски изрази задоволство што по првата година од мандатот на актуелниот премиер Зоран Заев се затвораат отворените прашања со соседите Бугарија и Грција.

„Прашањето со Бугарија беше поедноставно за затворање. Тоа е ветер во грб за иднината. Беше јасно и за Заев и за Димитров дека без затворањето на отворените прашања со соседите не може да се оди напред“, рече Бучковски.

За усогласување на фактите по потпишувањето на Договорот беше формирана мешовита Комисија за историски и образовни прашања, чија задача, според професорот Драган Ѓеорѓиев, кој го предводи македонскиот тим, е да ги стави фактите во одреден политички, социјален и културен контекст. Професорката Котлар, пак, смета дека Договорот за добрососедство е асиметричен и дека „ќе поминеше многу подобро ако се останеше на првата точка од членот 8 и прво се развиваа добрососедските односи на двата народа кои имаат посебни јазици“ .

Направените компромиси за Договорот за добрососедство со Бугарија за најголем дел од граѓаните (49,1%) се неприфатливи. Забелешки се однесуваат на македонската страна за која анкетираните сметаат дека преговарала без да се залага за правата на македонското малцинство во Бугарија, за дел (46,1%) е неприфатлива ревизијата на учебниците додека заедничката прослава на историски настани и личности е неприфатлива за 41,3% и прифатлива за 36.1% од граѓаните.

„Не е цел ниту на политичарите, ниту на историчарите да ја сменат историјата. Ова е неповратен процес и верувам дека Бугарија може да биде нашиот најголем сојузник и дека тоа ќе се случи, уверува Бучковски, иако очекува проблем во усогласување на фактите кога ќе се дојде до периодот на 20. век и периодот на создавање на македонската независна држава.

Несогласувања од бугарската страна околу овој историски период може да се очекуваат и според Ѓеорѓиев, кој смета дека „и самите историографи најмногу се судираат околу карактерот на Илинденското востание, идентитетот на личностите кои го водат итн.“. Сепак, според него, може да се најдат елементи кои можат да придонесат за усогласување доколку се има позитивен пристап.

„За тоа треба време. Комисијата треба да се остави да работи без политички притисок, без силен притисок од јавноста и без никакви рокови, затоа што доколку тие се постават може да доведат до погрешни и брзи одлуки“, вели Ѓеорѓиев и уверува дека формулациите што ги прават со бугарските колеги се базираат на академски принципи и дека нема политика.

Професорката Наташа Котлар посочува дека е „убаво да се работи на историските прашања во еден подолг период за да може да се организираат трибини и конференции, прво во матичните земји“, пред да се оди на дефинирање на она што е заедничко. Со тоа дека се потребни дискусии, конференции, симпозиуми и инволвирање на поширок круг на специјалисти за најчувствителните проблеми со цел да се дојде до она што е заедничко се согласува и Ѓеорѓиев бидејќи вели дека „нашата историја со бугарската е испреплетена“.

Од политички агол Бучковски препознава „зголемување на довербата помеѓу политичарите“ и смета дека „тоа е сериозно добар сигнал“. Затоа, според него, „треба да се остави науката и историчарите на раат да си ја завршат својата работа“.

Во однос на земањето на бугарски пасоши на македонските граѓани, речиси идентичен е бројот на граѓаните кои ова го поддржуваат (36,9%) и на оние кои ова не го поддржуваат (35,1%).

Ставот на македонските граѓани за нивните соседи е различен. Од преовладувачко позитивно мислење за Србија (78,6%), за Бугарија (58.8%) и за Грција (55.7%) до преовладувачко негативно мислење за Албанија (46,9%) и за Косово (49,1%) пришто ставовите на испитаниците во однос на Грција и Бугарија се речиси непроменети во однос на ставовите на испитаниците добиени преку анкета во 2017 година.

Истражувањето на тема „Договорот за добрососедство со Бугарија“ беше спроведено од Инситутот за политички истражувања во Скопје (ИПИС) во период од 31 јануари до 4 февруари. Консултирани беа 1.102 полнолетни испитаници на ниво на целата земја со користење на случаен примерок, стратификуван за почитување на репрезенаттивноста на населението.

„Детектор“ Бугарија Договор Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.