Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Децата се чувствуваат изолирани и осамени, сакаат во училиште

0
By Ivana on August 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 17, 2021 13:23

Голем процент од децата за време на пандемијата од Ковид-19 се чувствуваат изолирано и осамено, им недостасува дружењето во училиштето, соопшти денеска Драги Змијанац од „Меѓаши“

Презентирајќи ги резултатите од истражувањето спроведено на 1231 дете, од 10 до 18 години, од целата држава за искуството од онлајн наставата за време на пандемијата, Змијанац додаде дека пет проценти од учениците биле целосно исклучени од онлајн наставата оти немале можност да ја следат, една третина од децата делат компјутер со некој член од семејството, што го попречува квалитетот на учењето од далечина, 48 проценти од децата имаат свое лично технолошко помагало

– Со здружението „Лајка“ поделивме 2000 припејд картички за да им овозможиме на децата од ранливите категории пристап до интернет и со „Масит“ поделивме над 50 лаптопи на деца од социјално ранливи семејства. Она што исто така загрижува е што децата се чувствуваат во изолација и осамени, 68 проценти рекле дека се чувствуваат помалку поврзани со нивните другарчиња, 65 отсто изјавиле дека им недостасува училиштето, не само како образовна компонента, туку како можност таму да воспостават пријателство. Загрижува и тоа што на децата им недостасува поголема слобода, вели Змијанац.

Во истражувањето децата требале да замислат дека пишуваат писмо до Министерството за образование. Во писмата упатени до Министерството, учениците прашувале зошто кафеаните работаат, а училиштата не работат. Дел од децата барале да се вратат во училиште, да не учат од дигитални учебници и да учат помалку, да го учат само тоа што ќе им биде навистина потребно во животот.

Универзитетската професорка Софија Арнаудова рече дека онлајн наставата се одразила негативно врз менталното здравје на децата.

– Добиените податоци покажаа дека 1 од 10 деца (9 проценти) имале значителна вознемиреност. Секое седмо дете (15 проценти) се соочува со значително ниво на симптоми на посттрауматски стрес. Што значи дека ова се генерации кај кои многу треба да внимаваме на нивното ментално здравје. Кај половина од децата се забележуваат проблеми со концентрација, вознемиреност кога ќе се спомене стресен настан, особено за лице од семејството кое починало од Ковид-19. Имаме 84 деца, во чии семејства имало заболен од Ковид-19, соопшти професорката Арнаудова.

Истражувањето исто така покажало и дека децата, особено повозрасните, трпат кибер насилство. Дигитално насилство доживеале 37 отсто од учениците во основно училиште и 66 проценти од средношколците.

– Некои деца доживуваат насилство поради нивниот дом (видливо за време на предавањата преку интернет) и поради уредите што ги користат за време на онлајн часови. Дел од децата доживеале насилство кога биле исклучени од Вибер-групите, информира професорката.

Во однос на дигиталниот учебник, таа кажа дека децата набројале голем број негативности кога станува збор за учење од дигитален учебник, пред сè затоа што ќе бидат врзани постојано за компјутер или пак нема да можат да се изолираат во друга соба за да учат како што тоа го прават со класичните учебници. Како придобивки од дигиталниот учебник, учениците ги навеле заштита на животната средина и штедењето на хартија.

деца Меѓаши осамено
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.