Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Deutsche Einheit

0
By Xhabir Deralla on October 3, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 3, 2022 11:35

Што може и треба да научи светот од германското обединување на 3 октомври 1990 година?

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Светот може да извлече најмалку три големи поуки од германското обединување на 3 октомври 1990 година кој се одбележува како Ден на германското единство. Обединувањето на Германија се случи неполна година по падот на Ѕидот во Берлин на 9 ноември 1989 година. Овој процес го означи и падот на советскиот тоталитаризам во светот и крајот на „ерата на поделби“ што ги предизвика Студената војна.

Двете Германии ги делеше бодликава жица на границите, Ѕидот во Берлин и остро спротивставените идеологии кои ја водеа Студената војна повеќе од четири децении. Руската чизма го изобличи ликот на Европа и голем дел од Германија.

Западна и Источна Германија беа навистина две сосема различни држави по 45 години поделеност. Тоа што може светот да го извлече како поука од овие процеси е дека еден историски проект за национално помирување и обединување е можен само ако постои меѓусебна почит и солидарност. Песните и кафеанските пијанки на кои се зборува за обединување не водат никаде. Вистинско обединување значи и подобрување на животот на луѓето, а за тоа е потребно многу труд и жртви, а не песни и удирање в гради.

Сето тоа не е без тешкотии. Дури и по 32 години, сè уште се видливи разликите во економскиот развој меѓу западниот и источниот дел на земјата. Русите, едноставно, толку ја осиромашија и исцрпија Источна Германија, што ни децении подоцна не можат да се надминат разликите во развојот. Само во првите 20 години од обединувањето, западните Германци инвестираа 1,3 трилиони евра во источниот дел од државата. До денешен ден, субвенциите од Запад кон Исток изнесуваат меѓу 70 и 80 милијарди евра.

Масовниот егзодус од Исток кон Запад од 90-те години на минатиот век е сопрен дури во 2013 година, по што се бележи дури и обратен тренд. Денес, истражувањата покажуваат дека мнозинството Германци се среќни со обединувањето.

Канцеларката Ангела Меркел, или Mutti Angela како што ја нарекуваат, ја водеше земјата во втората половина од периодот по обединувањето. Таа ќе остане запаметена по своите прогресивни политики, а особено по обединувачкиот карактер на нејзиното владеење. Иако лидерка на десницата, таа во својот кабинет обединуваше и партии на левицата, градејќи национално единство по сите основи.

Сепак, како и насекаде во светот, така и во Германија, не изостанува и ултра десницата. Особено источниот (посиромашниот) дел од државата е познат по сè посилните десничарски политички сили, како што е Алтернатива за Германија (Alternative für Deutschland – AfD) чија ориентација е спротивна на германските прогресивни и демократски политики.

Втората голема поука од германското обединување е во тоа дека во светот навистина постои пријателство меѓу државите. Ништо не е невозможно кога имате поддршка од искрени пријатели меѓу државите. Така беше и во случајот со германското обединување во 1990 година.

Најважната поука за светот е дека Германија, нејзините граѓанки и граѓани, покажаа дека жесток и брутален тоталитарен систем каков што беше оној на Советскиот Сојуз, може да се победи без насилство. Германците, сложно и со подадена рака, ги премостуваат длабоките разлики што ги создаде децениската поделеност.

Денес, обединета Германија е една од водечките земји во светот во сите области на општественото, културното, научното и политичкото живеење. Германската нација е една од лидерите на слободниот, демократски свет.

Повеќе од 80 милиони луѓе ја нарекуваат Германија свој дом. Во оваа супер модерна држава живеат и милиони луѓе од целиот свет, со сите свои етнички, верски и културни различности. Тоа е земјата во која се удрени темелите на Куќата на Едниот, храм во срцето на Берлин, каде што следбениците на христијанството, исламот и јудаизмот наскоро ќе се молат заедно. Иако е уникатен проект во светот, тоа е само мал дел од бескрајното богатство од идеи и достигнувања на обединетата германска нација. Која, заедно со слободниот свет, се соочува со тешките последици од руската воена агресија против Украина.

Денешна Германија решително се справува со предизвиците, се бори со проблемите преку дијалог, но и со многу храброст и одважност, труд и посветеност. Онака, германски.

*

ПС. Инспирацијата за поголем дел од овој текст доаѓа од изјавите на германската амбасадорка во Северна Македонија, Н. Е. Анке Холштајн.  

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.