Во Куба започна 9-дневната жалост по повод смртта на револуционерот и поранешен претседател Фидел Кастро.
Знамињата на островот се на половина копје на владините седишта, додека изложбите и концертите се откажани.
Масовни протести се планирани за наредните денови во чест на Кастро, кој почина вчера на 91-годишна возраст.
Посмртните останки на Кастро ќе бидат погребани во источниот град Сантијаго.
Американскиот претседател Барак Обама по смртта на Кастро порача дека тој ќе биде оценуван според историја. Кастро беше почитуван од многу левичари во целиот свет, кои го гледаа како визионер кој се спротивстави на доминацијата на САД во Латинска Америка, и донесе здравство и образование за сиромашните и инспирираше социјалистичките движења низ целиот свет.
Но, неговите критичари го обвинуваа дека е автократ кој преземал остри мерки и брутална сила за соборување на дисидентите.




