Денеска се навршуваат девет години откако Марк Цукерберг ја пушти во етер социјалната мрежа Facebook, на почетокот наменета за студентите на Харвард, но за кратко време ги надмина студентските граници и стана главна глобална мрежа – феномен кој денеска обединува над милијарда корисници.

Основачот на Facebook од срамежливо момче стана еден од најпознатите ликови во светот чие богатство достигнува милијарди долари.

Цукерберг преку Facebook го освои светот, неговата мрежа ги обединува сите возрасти од деца до пензионери, во истовреме е неопходна бизнис алатка на деловните луѓе.

Приказната за Facebook има и своја темна страна. И покрај тоа што Цукерберг на почетокот срамежливо ја претставуваше својата социјална мрежа, многумина го обвинуваа за кражба на лични податоци.

Малкумина знаат дека Цукерберг во 2003 година за малку ќе бил исфрлен од Харвард заради пречекорување на приватноста – обвинение кое се поврзува со Facebook. Всушност пред Facebook, Цукерберг ја основал страницата Facemash каде ги објавувал фотографиите на студентите од Харвард каде студентите давале оценки.

Проблемот со Facemash бил тоа што Цукерберг ги хакирал страниците на кои студентите ги ставале своите фотографии и откако неговата страна предизвикала големо внимание кај бројните посетители, Харвард после наколку дена ја згаснал, а Цукерберг се соочил со казна за кршење на авторските права и приватноста.

Второто обвинување се однесува на тоа што Цукерберт целата идеја за Facebook ја украл од тројца свои колеги (Cameron Winklevoss, Tyler Winklevoss i Divya Narendra) кои што од него побарале помош за развој на сервис сличен на Facebook.

Најголемиот проблем на Facebook е неможноста да им се наплати на големиот број корисници, кои преку своите мобилните телефони се повеќе комуницираат преку FB. Аналитичарите предвидуваат дека оваа социјална мрежа ќе ја изгуви својата важност исто како Yahoo. Фирмата ќе постои и ќе заработува но ќе ја изгуби сегашната атрактивност и вилијание.