Ѕвоната ќе бидат изложени во катедралата од денеска до 25 февруари, а потоа ќе бидат поставени во двате историски камбанерии на Богородичната црква.

Новите ѕвона прв пат ќе се огласат на 23 март, една недела пред католичкиот Велигден.
Осум ѕвона биле излиени во нормандискиот град Виејеже ле Поел, а најголемото ѕвоно наречено Марија, било изработено во Холандија. Ѕвоната со конвој камиони денеска се испратени во Париз.

Ќе му се придружат на најстарото ѕвоно Емануел кое датира од 17. век.
Одлуката да се излијат нови ѕвона во историската Нотр Дам, чии камбани биеле се’ до француската револуција, е донесена по повод 850 годишнината од почетокот на изградбата на црквата во 1163 година.

Новите ѕвона на Богородичната цркава во Париз чинат 2 милиони евра и се обезбедени од донации.