Published: Friday, January 6, 2017 19:44
Најмалку 9 луѓе се ранети во вооружен инидент што се случил попладнево на аеродромот Форт Лодердејл во сојузната американска држава Флорида, соопшти претставник на службите кој работи на расветлување на инцидентот, јави Си ен ен.
Напаѓачот е уапсен, а се верува дека тој е единствениот одговорен за нападот.
Делови од аеродромот се евакуирани. Претставници на аеродромот на Твитер напишаа дека се случува инцидент во делот за багаж на терминалот. Сите полетувања и слетувања во моментов се откажани.




