Published: Monday, March 30, 2015 12:57
Деветмина убиени а најмалку 20 повредени е билансот при експлозија на два автомобили бомби во предградие на Багдад, соопштија иранските власти.
Нападите се случиле за време на преговорите помеѓу премиерот на Ирак Хајдер ел Абади и претставници на земјата со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
Инаку нападите се случуваат и по офанзивата на силите на Ирак поддржани од американската авијација кон џихадистите на Исламската држава во градот Тикрит.
Џихадистите веќе под свое раководство имааат неколку делови во Ирак, кои ги заземаа минатата година.
Посетата на Ки-мун пак доаѓа по информациите дека Багдад добива воена помош од САД и Иран а тоа резултираше со тензичност во меѓународната јавност.




