Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дезинформациите за вакцините ги наполнија со млади пациенти болниците во Велс

0
By НОВА ТВ on September 2, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 08:49

Дезинформациите доведоа до зголемен број млади, невакцинирани пациенти со Ковид-19 во болниците, вели еден од врвните консултанти за критична нега во Велс пишува Би-Би-Си.

Д-р Ејми Џонс рече дека персоналот во болницата се чувствува „деморализирано“ кога повторно гледа како вирусот ги полни одделенијата и одделите за интензивна нега.

„Ковид никаде не замина“, вели консултантот во Универзитетската болница во Гранџ во Велс, каде расте потребата за хоспитализации.

Стапката на нови случаи во Велс е највисока од јануари, а бројките од Институтот за јавно здравје во Велс покажуваат дека се активни 386,6 случаи на 100,000 луѓе во последните седум дена.

Но, хоспитализациите се многу пониски поради вакцинацијата, а новите случаи биле очекувани поради олеснувањето на рестрикциите.

Бројот на пациенти кои се лекуваат во ковид одделенијата и се на респиратор се зголеми, на 40, од кои 13 во северен Велс, за разлика од петокот минатата недела, кога оваа бројка беше 31 пациент.

Ова е највисока дневна бројка од 4 март, но сепак останува многу помала отколку од пикот на вториот бран.

Во петокот, 328 лица се лекуваа од Ковид-19 во велшките болнички кревети, што е најголем број од април, а растот е за 35% за разлика од претходната недела.

Д-р Џонс, која работи во здравствениот одбор на Универзитетот Анеурин Беван во југоисточен Велс, рече дека одделите за итни случаи преживеале „многу понапорен викенд после долго време“.

„Ги третираме претежно невакцинираните луѓе и голем број од нив се луѓе во 20-тите и 30-тите години, при што мал број и до 16 години бараат болничка нега за Ковид“, вели таа.

Случаите на заразени кои се помлади од 25 години продолжуваат да се зголемуваат секаде, освен во две од 22 области на Велс, со големи зголемувања во Свонси, Вејл и Пемброкшир.

Пемброкшир сега има највисока стапка на случаи на млади од 25 години – 815,3 на 100.000, во споредба со просекот од Велс од 500.1 на 100.000 жители.

Вакцинацијата направи огромна разлика во случаите на кои им е потребно болничко лекување, кажа д-р Џонс, додавајќи дека „ние имаме пациенти кои се многу лошо во моментов кои не се вакцинирале, а сега не сакаат ништо повеќе од тоа да го вратат времето назад и да примат вакцина“.

„Персоналот се чувствува прилично деморализирано поради тоа што вирусот повторно ги полни нивните одделенија, особено кога голем број болнички случаи можеа да бидат спречени со вакцинација. Секогаш е болно да се третираат пациенти кога тоа можело да се избегне, но овојпат се чувствувам поинаку, бидејќи имаше толку многу дезинформации што им направија луѓето да не знаат кому да веруваат и во што да веруваат“.

„Прашајте го секој здравствен работник од првата линија и тој ќе ви каже дека вакцинацијата е она што прави разлика во третирањето на пациентите во моментот“.

Таа додаде дека вирусот во моментов е „насекаде“ и рече дека луѓето треба да продолжат да преземаат мерки на претпазливост и да бидат разумни, без разлика дали се вакцинирани или не.

Пациентите со Ковид-19 сочинуваат 3,9% од пациентите во болницата во Велс.

Велс Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.