Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДФРМ: „Банана филм“ удира со лаги по филмските работници за да ги прикрие своите скандалозни злоупотреби 

0
By Ана Василевска on July 11, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Префрлувањето на 900.000 денари без претходно потпишан договор за меѓународна промоција и кандидатура за Оскар, пари на државата за кои, исто така, не е доставен финансиски извештај,  повеќекратното поднесување на нотарски заверени изјави со невистинита содржина (исправа со невистинита содржина,) од страна на Банана филм при постапките за аплицирање во АФРСМ, префрлувањето на 5.300.000 денари (85.000 евра)  од средствата наменети за продукција на филмскиот проект „Врба“,  од Банана филм Скопје, кон „Милкман“ продукција од САД, при што и двете фирми се сопственост на истиот субјект продуцентот на филмот, префрлувањето на преку 7.700.000 денари (125.000 евра) наменети за продукција на филмот Мајки кон „Квантум комуникации“ од САД, за наводна промоција на истоимениот филм, спротивно на Буџетот и Договорот за финансирање на проектот, се само дел од евидентираните индиции за незаконските постапки на Манчевски и неговите продуцентски куќи за што ДФРМ бара надлежните инстутуциите да ги проверат до крај. 

Неоснованите обвинувања се неуспешен обид да се прикријат туѓи злоупотреби, реагираат од Друштвото на филмските работници по последните објави од страна на „Банана филм“ односно режисерот Милчо Манчевски. Имено, тој во континуитет инсинуира за најразлични нерегуларности за работата на Агенцијата за филм, и обвинува за наводно незаконско работење на членови на ДФРМ. Овие обвинувања  на Манчевски, следат по кривичната пријава кон „Банана филм“  од Агенцијата за филм на РСМ за низа на финансиски нерегуларности а пријавата е процесирана до сите надлежни инстутуции во државата.

Од ДФРМ бараат  „во име на честа на филмската професија и честа на филмските работници, целосно расчистување на оваа бурлеска од обвинувања.

„Најостро реагираме и ги осудуваме обвиненијата за нашите членови Бранко Петровски и Игор Шокаровски како неточни и неосновани, креирани врз основа на манипулативни претставки, без никаква правна основа или поткрепа. Друштвото на филмските работници на Македонија е единствено релевантно струково здружение од областа на филмот и аудио-визуелната дејност и од своето основање е силно посветено на спроведување на сопствените фундаментални принципи за рамноправност, транспарентост и бескомпромисно почитување на законите при аплицирањето и отчетот за користењето на средства од државните и европските јавни фондови.“, соопштуваат од ДФРМ.

Од ДФРМ сетаат дека „лажните и неосновани обвинувања кои се однесуваат на угледни членови на ДФРМ се креирани и се пропагираат со цел да се наштети на филмската фела и уметност, за одредени „актери“ да ја злоупотребат таквата ситуација за сопствена доминација и монопол во индустријата.“

„Бараме сите надлежни институции да ги проверат сите наводи пласирани во медиумите за работата на ДФРМ, за кои ние тврдиме дека се целосно неточни, непотврдени и измислени. И во исто време, ја повикуваме Управата за финансиска полиција, Државната комисија за спречување на корупција, Основното јавно обвинителство – Скопје и Транспаренси интернешнл Македонија темелно да ги испитаат сите факти, индиции, документи и докази кои се однесуваат директно и индиректно на работата на продукцијата Банана Филм.“, стои во соопштението на ДФРМ.

 

Од здружението на филмските професионалци бараат да се провери:

Стечајот и незаконското згаснување на продукцијата Сенка филм и префрлувањето на побарувањата, но не и на обврските на оваа продукциска куќа кон новооснованата продукција Банана филм;

Потпишувањето на договорот за финансирање на филмскиот проект „Мајки“ (работен наслов “Како бебе“) и добивањето на средствата пред завршувањето на постапката и објавувањето на резултатите од Конкурсот за финансирање од страна на Филмскиот фонд на РМ;

Не поднесувањето на извештај за потрошени 55.800.000 денари (907.317 евра) за филмот „Мајки“;

Префрлувањето на 900.000 денари без претходно потпишан договор за меѓународна промоција и кандидатура за Оскар, пари на државата за кои, исто така, не е доставен финансиски извештај;

 Повеќекратното поднесување на нотарски заверени изјави со невистинита содржина (исправа со невистинита содржина,) од страна на Банана филм при постапките за аплицирање во АФРСМ;

Префрлувањето на 5.300.000 денари (85.000 евра)  од средствата наменети за продукција на филмскиот проект „Врба“,  од Банана филм Скопје, кон „Милкман“ продукција од САД, при што и двете фирми се сопственост на истиот субјект продуцентот на филмот;

Префрлувањето на преку 7.700.000 денари (125.000 евра) наменети за продукција на филмот Мајки кон „Квантум комуникации“ од САД, за наводна промоција на истоимениот филм, спротивно на Буџетот и Договорот за финансирање на проектот;

Недефинирана исплата за прикажување на филмот „Мајки“ на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто во висина од 12.000 долари,  од средствата наменети за продукцијата на филмскиот проект;

Нереалната висина на авторските хонорари од страна на Сенка филм и Банана филм за сценарио, режија и продукција кои многукратно го надминуваат европскиот просек за овој тип на работа кога станува збор за парични средства од јавните фондови, во случајов исплаќани од средства од буџетот на Република Северна Макдонија;

Бараме да се проверат и останатите евидентирани индиции и докази за злоупотреба на државните пари.

„Ние во ДФРМ нема да се грижиме дали оваа реакција повторно ќе биде проследена со нови неосновани напади вез нашето здружение и врз неговите членови, филмските работници. Ние се грижиме за заштита на честа и угледот на нашата професија, на секој наш член и на целото друштво. Нема да замолчиме и ќе се спротиставиме на секој обид да се релативизираат наведените случаи за несооветното трошење на народните пари и нивната злоупотреба. Наша и совесна и статутарна задача е да продолжиме со битките за искоренување на сите форми на привилегираност, неотчетност и корупција во дејноста, кои воедно се битки за обезбедување рационалност, транспарентност и подобри услови за сите македонски филмаџии. Ова посебно и како наша должност кон младите генерации филмски творци, кои се сѐ побројни и поуспешни и кои континуирано и без комплекси со своите вонредни остварувања успешно чекорат на меѓународната филмска сцена.“, заклучуваат во соопштението на ДФРМ.

 

„Банана Филм“ Агенција за филм на РСМ ДФРМ Милчо Мначевски Управа за финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.