Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Мајка Тереза е симбол за бескрајна хуманост

0
By Нова ТВ on August 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 26, 2020 14:13

Мајка Тереза е симбол за бескрајна хуманост, за љубов кон човекот, за грижа и сочувство кон болните и сиромашните и не толку среќните во животот, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери во обраќањето на манифестацијата „Денови на Св. Мајка Тереза“ што се одржа денеска на плоштадот „Македонија“ по повод 110 годишнината од нејзиното раѓање.

Свечено беше откриена и обновената спомен-плоча на местото на родната куќа на Гонџа Бојаџиу – Св. Мајка Тереза во центарот на Скопје.

„Пред оваа спомен плоча која ги симболизира темелите на родната куќа на оваа светски почитувана Албанка, сакам да го изразам и споделам чувството на искрена гордост што сум дел од овој собир“, посочи Џафери.

Денес, потенцира Џафери, кога светот се соочува со пандемијата на Ковид-19, кога гледаме закана по здравјето на целото човештво, огромен удар врз темелите на секој здравствен и економски систем, сите поеднакво имаме потреба од заемна поддршка.

„Живееме во чудно време со нови и непознати предизвици, меѓутоа зарем ги нема секоја етапа од општествениот развој своите карактеристични тешкотии. Но, тоа што останува исто пред секоја тешкотија, колку и да е непозната, е подадената хумана рака, солидарноста и жртвувањето на комоцијата и опуштеноста, затоа што несреќата тропа на секоја врата. Апелирам до сите да бидеме совесни и одговорни, да се грижиме едни за други, да се грижиме за блиските, познатите и непознатите и на овој начин да придонесеме за победата на ова зло кое го има зафатено светот“, рече Џафери.

Нагласи дека ова е нашиот предизвик, ова е битката што актуелните генерации треба да ја водат, за да го поразиме современиот непријател толку ситен, а сепак толку голем.

„Како што рекла и големата Мајка Тереза „одете дома и сакајте го своето семејство“, затоа што се почнува од семејство“, додаде Џафери.

Во рамки на манифестацијата беше промовирана и книгата „Од Гонџа Бојаџиу до Мајка Тереза – Сага за животот на Албанците католици од Скопје“.

Директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани рече дека во книгата е претставен животот на Мајка Тереза од нејзиното Скопје до Калкута. Оваа книга, посочи, е една сага за католичките семејства во Скопје.

„Наскоро ќе упатиме предлог и елаборат до Собранието со цел да ја прогласиме Мајка Тереза за национално богатство, така што таа да стане и лична карта на нашата земја секогаш со надеж дека избраните претставници на народот ќе го поддржат овој предлог“, потенцира Асани.

Мајка Тереза Македонија роденден Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.